Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки
ПОЛИТИКА

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Објавено June 26, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните дека по нивната победа ќе дојде подобар живот. Наместо тоа, Македонија денес е држава во длабока економска и социјална криза, со пад на животниот стандард и осиромашени граѓани, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови и граѓани во Свети Николе.

„Ветуваа подобар живот во горда Македонија. Но, Македонија денеска е понижена држава, со понижени работници, со економија која оди во амбис поради погрешните политики на владата,“ рече Филипче.

Тој посочи дека вистинската слика не се крие зад табели и статистики.

„Ги слушам со отчет и бројки за економијата во кои никој не верува. Денес има само неколку факти кои ги рушат сите нивни лаги. За 20% е намалена купвната моќ на граѓаните. Ние сме претпоследна земја по минимална плата во Европа и последна по куповна моќ. Граѓаните ова го знаат и го чувствуваат, се останато што говори Владата е чиста манипулација,“ истакна Филипче.

Тој алармираше и за, како што рече, огромното задолжување кое Владата го прави без никаква транспарентност.

„Креираа долг од 7 милијарди евра кои ќе го враќаат нашите деца за сопствени бизнис проекти. Пари позајмени без контрола кои ќе се доделуваат на компании по нивен избор. Се случува грабеж на столетието за кој кога тогаш ќе мора да одговараат,“ рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната
Следна Статија (Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

За навредите на Миленко Неделновски кон жените СДСМ бара разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

„Како тоа Амар е политиколог, а е недипломиран?“ – Кандидатот за прв човек на Скопје призна дека нема диплома

Телевизискиот дуел меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Град Скопје предизвика бура од реакции од јавноста по сознанието дека еден…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот?, прашуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Дали најголемите поддржувачи на…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагира на состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?