Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува

Објавено April 5, 2026 19:53
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека Владата на Христијан Мицкоски ја загрозила егзистенцијата на земјоделците, посочувајќи дека ситуацијата во земјоделскиот сектор е алармантна.

За време на денешната посета на село Криволак во Повардарието, Филипче разговараше со земјоделци, лозари и производители на житарици, нагласувајќи дека растот на цените на нафтата и недоволната грижа на власта создаваат сериозни проблеми за егзистенцијата на земјоделските семејства.

-Во оваа временска ситуација кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствате кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток поради сета оваа криза и негрижата на власта за овој сектор и недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици, што значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст на цената на лебот до крајот на годината, истакна Филипче.

Филипче укажа дека институциите целосно потфрлиле во клучните сегменти за поддршка на земјоделството.

-Имено, никој не води грижа за наводнувањето, каналите не се исчистени, никој не води грижа за откупните центри кои што ги уценуваат со ниски цени земјоделците, а потоа тоа им е услов да добијат некакви субвенции, посочи претседателот на СДСМ.

Дополнително, како што нагласи, земјоделците се притиснати од ниски субвенции, неизвесен откуп и зголемени трошоци за производство со кризата.

-Ниска цена на субвенција, ниска откупна цена на килограм произведено грозје. Сега нема никаква најава дека црните грозја, од сортите на црните грозја, ќе се откупуваат. Ниска субвенција и неисплатена за сточарите, висока производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубрињата – сѐ на сѐ сметам дека оваа ситуација треба да биде сериозен аларм, истакна Филипче.

Тој предупреди и на дополнителен удар врз земјоделците поради злоупотребите со европските фондови.

-Ако згора на тоа ги ставиме дека ги нема дополнителните пари преку ИПАР програмата, поради тоа што од власта Европа ги фати како тие пари ги крадат, брутално, од џебот на земјоделецот, ние во следниот период ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, нагласи Филипче.

Воедно, потсети дека СДСМ веќе има понудено конкретни решенија кои власта ги одбила.

-Тоа беше зголемена откупна цена по килограм грозје. Искрено се надевам, иако не верувам, дека од оваа власт ќе наидеме на разбирање и дека ќе се обезбеди некаква помош за земјоделците, рече претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Магнезиумот не е за секого
Следна Статија Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите…

July 21, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите се спремни за секој обид за дестабилизација

Во денешната емисија ,,Dailyclick“ на Телевизија 21, гостуваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и изрази јасен став дека не може…

October 14, 2024
ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ отвори AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Касами за односот со Таравари: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

Најголем губитник ќе биде оној што ќе излезе од коалицијата ВЛЕН. Народната поговорка вели – „тој што ќе се оддели…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?