Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите се спремни за секој обид за дестабилизација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите се спремни за секој обид за дестабилизација
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Реакциите од ДУИ се комични, намерата им е прочитана, а институциите се спремни за секој обид за дестабилизација

Објавено October 14, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Во денешната емисија ,,Dailyclick“ на Телевизија 21, гостуваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и изрази јасен став дека не може некој кој речиси две децении бил дел од власта и имал безброј прилики да го промени механизмот што самиот го критикува, сега да се појавува каков негов бранител.

Стојаноски посочи на фактот дека претходната власт не покажува интерес за конструктивни предлози, туку, откако замина во опозиција, единствено се фокусира на заканите за дестабилизација. Според него, овие потези служат за заштита на криминалот.

Механизмот кој моментално постои не само што не дава резултати, туку и ги надмина своите можности. Сите права на граѓаните се загрозени. Ние предложивме нов механизам кој ќе биде транспарентен и ги вклучува сите заинтересирани страни, рече Стојаноски, нагласувајќи дека новиот систем мора да биде донесен со консензус во парламентот и со поддршка од Венецијанската комисија.

Стојаноски посочи на конкретни примери на злоупотреба и недостапност на информации, истакнувајќи дека некои од членовите на ДУИ имаат кривични пријави. „Заврши времето на недопирливите“, додаде тој.

Тој обвини дека СДСМ ги политизираше законите,а моментално се бори за опстанок на политичката сцена, додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се фокусира на антикорупциските мерки.

Граѓаните очекуваат од нас да расчистиме со криминалот и корупцијата. Сите доказите ги доставуваме до јавниот обвинител, и ако нема намера да делува, ќе видиме какви ќе бидат последиците, заклучи Стојаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовни протести во Шпанија против високите кирии: Не се живее во сопствените градови
Следна Статија За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи со закани: Нема локални без парламентарни, без Закон за јазиците, без Балансер

Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на ТВ21 вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но…

March 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Природно е да разговараме со ВРЕДИ и ЗНАМ за заеднички настап во одредена форма на локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите откри дека започнал со состаноци со општинските комитети на…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло

За секој денар од мојата имотна состојба имам пријавено и документирано потекло на имот. Целосен увид во мојот имот имаа…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата

Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирале со правни експерти пред да ги предложат законските измени со кои се предвидува…

April 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?