Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори

Објавено October 1, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во нивната предлог-резолуција за црвените линии јасно кажуваат како се заштитени сите идентитетски одредници.

-Тоа е уште еден обид за спин од страна на ВМРО-ДПМНЕ коишто едноставно не сакаат да го продолжат европскиот пат на земјата. Што е во позадина, дали се кријат влијанија на други држави, тоа допрва ќе го видиме во следниот период. Јасен е нашиот предлог. Во нашата предлог резолуција се содржани сите претходни документи и резолуции вклучувајќи го и францускиот предлог во кој јасно кажуваме како се заштитени сите идентитески одредници. Сега ги повторуваме. Јасно кажуваме кои се нашите црвени линии. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да спинува и да избегне државничка одговорност. Едноставно сакаат државата да ја држат тука каде што е заглавена за да можат тие да менаџираат во рамките на интересите на својата мала група челници на ВМРО-ДПМНЕ и нивни фигури, рече Филипче коментирајќи ги вчерашните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека со резолуцијата бараат црвени линии за заштита од францускиот предлог кој претходно го нарекувал дипломатска победа и сега го менува ставот со цел да остане на чело на СДСМ и по изборите.

Ги повикува сите политички партии заеднички да се поднесе таа резолуција за, како што потенцира, конечно да обезбедиме една форма на национален консензус, нешто што го има во сите нормални големи развиени држави. Посочи дека со резолуцијата јасно кажуваме кои се нашите црвени линии – јазикот, идентитетот, културата, историјата и за тоа не преговараме.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавата на премоерот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг дека се обидуваат да најдат сламка за спас кај обвинителството и судството, Филипче нагласи дека премиерот да ја префрла одговорноста и оти одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно кај него.

-Ништо не направија од реформите кои се напишани од страна на заедничкиот документ кој се вика „Реформска агенда“ заедно со Европската унија што треба да се направи и тоа е она што граѓаните го очекуваат. Очекуваат вистински реформирано, вистински независно судство надвор од политички влијанија за конечно да се враќа довербата во еден од клучните сегменти во државата а тоа е правосудството. Не може премиерот да ја префрла одговорноста. Одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно кај него лично и во неговиот тим. Требаше да се донесат 12 закони годинава, а не донесе ниту еден, не е ниту поднесен во Собранието. Се што сакаат е да го контролираат судството, да зачуваат свои роднини, свои пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери, родини, со цел да имаат свои луѓе и да можат да влијаат на судски процеси. Ништо повеќе не сакаат од тоа. За жал, повторно партизирана држава како во нивниот претходен мандат од 2017 година, рече опозицискиот лидер.

На новинарско прашање за тоа како ја оценува кампањата и обвинувањата дека СДСМ е „во ист кош“ со Али Ахмети и Левица, Филипче порача дека изборот за граѓаните е јасен.

-Вчера јасно кажав кои се двете опции пред граѓаните. Нашата – прогресивна, проевропска и искрена опција, со работа во корист на граѓаните. И нивната – на ВМРО-ДПМНЕ, опција за партизација на институциите и поставување партиски кадри. Опција која на младите им праќа порака дека е доволно да имаат членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, па и со лажни дипломи да бидат поставени на позиции. Тоа се двете опции и граѓаните тоа мора да го знаат, изјави Филипче.

Опозицискиот лидер потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за тајни коалиции на СДСМ, бидејќи, како што посочи, токму тие во изминатиот период соработувале со ДУИ и Левица кога им било потребно.

-Во однос на обвинувањата за ДУИ, па изминатите година и пол ако некој соработуваше со ДУИ беше ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот. Колку пати им поминаа закони за кои што беше потребно двотретинско мнозинство. Еве слушнавме изјава од страна на челници на ДУИ дека имало иницијативи за средби и соработка пред изборите. Тоа го кажа Бујар Османи. Сега како нас не обвинуваат кога јасно кажуваме дека немаме никаква коалицијата ниту со ДУИ, ниту пак со левица. И на ниво на Градот кога на советниците НА ВМРО-ДПМНЕ тоа им беше потребно коалицираа со Левица да го блокираат Градот повторно. Мислам дека тие лаги сега не поминуваат, порача Филипче.

Прашан дали очекува промена во коалициите во централната власт, Филипче истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни се да направат.

-Мислам дека се е можно кога е ВМРО-ДПМНЕ е во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така лесно ги кажуваат, тоа го видовме и сега и изминатата година и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред четири години таму каде што сега имаат градоначалници едноставно не се исполнети. Мислам дека за нивниот тесен партиски и личен интерес се спремни се да направат, рече тој.

Филипче истакна дека нема никаква соработка со ДУИ и Левица за локалните избори. – Немаме таква соработка. Нашата политичка кампања ја водиме со нашите коалициски партнери во сегашната коалиција автентично таква каква што сме. Ги нудиме најдобрите кандидати . Тоа се луѓе кои можат целосно да преземаат секаква одговорност – моралн, лицна, имаат капацитет, лигитимитет, кредибилитет да излезат пред граѓаните да ги остварат програмите кои што ќе ги ветат и тоа е автентичната нашата коалиција СДСМ и коалициските партнери, рече тој.

Коментирајќи ги изјавите на премиерот дека Филипче е во коалиција со актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, Филипче одговори дека ова е уште еден доказ дека кога Мицкоски и Владата немаат што да кажат, се занимаваат со опозицијата.

-Немаат со кој проект да се пофалат. Немаат да кажат нешто што е остварено. Еве кажете еден проект кој што е завршен во Скопје во рамки на нивните градоначалници во било која општина. Еве што е завршено во Аеродром? Еве барем една работа, не морате две. Кога немаат што да кажат, се занимаваат со опозицијата, со спинови, со некакви прикази, со подгревање на меѓунационални тензии и тоа е таа приказна која што им поминала, го подгреваа национализмот заедно со ДУИ поради тоа што едноставно немаат што да кажат. Жалам што после година и пол власт се е исто. Мислам дека граѓаните тоа ќе го препознаваат и нема да дозволат повторно да бидат излажани, рече лидерот на опозициската СДСМ, Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување
Следна Статија Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени

Овие први 100 дена од изборот на нашата влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

За пет години затворени 30 училишта во Македонија

Македонското образование „изгубило“ 5.431 ученик, во последните пет години поради што под клуч биле ставени 30 училишта во државата, објави Мета.мк…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е најкраткиот ден во 2024 година

Денеска, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува Богородичниот пост – Најкраток, но строг

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?