Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ
ПОЛИТИКА

Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ

Објавено April 26, 2026 18:39
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска го обвинити опозицискиот СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче за длабоко неодговорен, деструктивен однос и уцени поврзани со измените на Законот за Влада. Според портпаролот на партијата, Никола Мемов, тврдењата на опозицијата дека Пржинската влада се укинува веднаш и без консултации се обична лага и манипулација и појасни дека со законските измени јасно е предвидено техничката влада да важи за следните парламентарни избори, по што овој модел, кој не постои во ниту една европска демократија, конечно би бил укинат.

Тој јавно го прозва раководството на СДСМ за најавеното повлекување од работната група за новиот Изборен законик, оценувајќи го овој потег како кулминација на нивните партиски игри и калкулации на штета на граѓаните и праша дали зад овие потези се крие однапред смислено сценарио за целосна блокада и напуштање на законодавниот дом со крајна цел која би значела бојкот на следните парламентарни избори.

„Дали ова е единствениот начин двоецот Филипче – Заев да го задржи влијанието врз партијата? Дали од лукративни причини се турка политика на конфронтација со новинари, истакнати поединци, па дури и со сопствени градоначалници и пратеници?“,рече Мемов.

Тој рече дека актуелното раководство го довело СДСМ до историски најнизок рејтинг од едвај над пет проценти, ризикувајќи целосно да ја маргинализира партијата и упати директен апел до членовите, симпатизерите, пратениците и градоначалниците од редовите на опозицијата да бидат внимателни и да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација и слабеење на институциите.

„Македонија заслужува стабилност, достоинство и напредок, и ние ќе продолжиме да работиме токму за таква иднина. Упатуваме повик до членовите и симпатизерите на СДСМ – бидете внимателни. Не дозволувајте да бидете вовлечени во сценарија што водат кон изолација, кон уништување на партијата, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат“изјави портпаролот на ЗНАМ.

Мемов предупреди дека целиот товар од ваквите деструктивни политики ќе падне врз базата на партијата, додека, како што рече, двоецот Зоран Заев и Венко Филипче ќе остане изолиран од политичките последици, продолжувајќи да дејствува без отчет пред јавноста, уживајќи во моќта на златните визи и крстарејќи на луксузни јахти.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Рускоска за 27 април
Следна Статија ССМ повикува на масовен протест на 1 Мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Али Ахмети се повлекува од политиката по локалните избори? Одлуката е блиску, ќе биде соопштена наскоро, објави албански медиум

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката, објави вечерва порталот…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Проектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти – дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони?

СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит…

October 26, 2024
СВЕТ

Крај на ерата на Орбан откако Унгарија гласаше за промени

Шеснаесет годишниот мандат на Виктор Орбан во Унгарија заврши во неделата, со изборниот пораз на неговата партија Фидес. Неочекувано високата…

April 13, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ,…

November 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?