Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Странските инвестиции паднаа за две третини, европскиот пат е целосно заглавен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Странските инвестиции паднаа за две третини, европскиот пат е целосно заглавен
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Странските инвестиции паднаа за две третини, европскиот пат е целосно заглавен

Објавено June 21, 2026 13:54
Сподели
Сподели

) – Претседателот на СДСМ енко Филипче оцени дека по две години власт на Христијан Мицкоски, целосно пропаднале клучните економски ветувања со кои ВМРО  ја доби довербата од граѓаните, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

Тој нагласи дека еден од најсилните показатели за економскиот неуспех е драматичниот пад на странските инвестиции.

-Наместо зголемување на странските инвестиции, тука да гледаме нови фабрики, отворање на работни места, како што премиерот ветуваше, странските инвестиции се намалени за скоро две третини, истакна Филипче.

Филипче посочи дека Владата потфрлила и во контролата на инфлацијата.

-Инфлацијата од 4,8 отсто е скоро дупло поголема од тоа што го предвидува и го ветува во нивната предизборна платформа. Храната е скапа, на годишно ниво поскапувањето е околу 10 проценти, нагласи Филипче.

Тој оцени дека по две години власт нема ниту нов развоен циклус, ниту реални економски резултати, туку растечки долгови, намалени инвестиции и се потежок живот за граѓаните.

– ВМРО ветуваше европска иднина, а за две години донесе изолација, нагласи Филипче и додаде дека по две години од Влада на ВМРО, наместо напредок во евроинтеграциите и реформи, државата е заглавена, а европскиот пат е целосно блокиран.

-Што ветуваа за европската иднина на земјата? Цитирам: Максимални напори за остварување реален видлив напредок во евроинтеграциските процеси и полноправно членство во Европска Унија. Дијаметрално спротивно на сегашните изјави на премиерот. Понатаму,  одложена примена на уставните измени ,брзо и квалитетно исполнување на реформските процеси и целосно прилагодување кон европското законодавство. Ништо од ова не исполнија“, рече Филипче.

Посочи дека реалноста денес е спротивна на сè што ветуваше ВМРО,  затоа што нема реформи, а законите што се носат не се во согласност со европските стандарди.

-Нема никакви реформи, има закони кои се носат во Собранието, кои не се по препораките  на Европската Унија и Европа ги враќа назад, рече Филипче и    додаде дека со ваквите политики Владата ја оттурнува државата од европската перспектива и ја води во сè подлабока изолација.

-Европскиот пат е целосно заглавен. Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација, додека регионот оди напред, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од партијата на Костадин Костадинов бараат да се блокираат парите од ЕУ за Македонија, се предлага и војна
Следна Статија Ако ја имате оваа силиконска лажица за бебиња од ДМ, веднаш фрлете ја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камерите ќе казнуваат од први јануари: Поминаа измените во Законот за безбедност во сообраќајот

Народните избраници го изгласаа Дополнетио предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите и наставниците клучни фактори за безбедноста на младите на интернет

Социјалните мрежи се дел од секојдневието на младите, но нивното неправилно користење може да предизвика сериозни последици. Ова особено го…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието ќе расправа денес за воведување една изборна единица и соодветна измена на изборниот закон

Собранието на Република Македонија денес ќе расправа во врска со приспособувањето и дополната на изборниот закон, по скратена процедура презентиран…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Кај секое петто боледување во МВР има злоупотреба

Четири пати полицаец сменил матичен лекар за да вади боледувања. Ова е еден од примерите за злоупотреби во боледувањата во…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?