Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено October 26, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, најави денес нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари како визија за општината.

-Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно.Предвидуваме изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за децата со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите, ќе се изградат тактилни патеки, затоа што пристапноста не е луксуз, тоа е човеково право.

Особено внимание ќе посветиме на решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку системска соработка со сите надлежни институции, за да обезбедиме безбедна и хумана средина.

Ќе изградиме нови велосипедски патеки, ќе воведеме брз и функционален јавен превоз, а преку паметни паркиралишта и осветлување ќе создадеме општина што штеди енергија и време, а нуди квалитетен урбан живот.Безбедноста е темел на сè што правиме. Затоа ќе воведеме редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и ќе изградиме нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром. Затоа на 2 ноември, заедно да се избориме за подобра општина, за општина која се грижи за секого, порача Трајановски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.

„Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски“, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од граѓаните, но и потребниот капацитет и искуство.

Според него, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.

„Покажа со своето однесување, со својата работа на терен и со контактите со луѓето дека има капацитет да ја води општината. Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет за тоа зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.

„Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа“, додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грипот зема замав: 188 случаи и две жртви
Следна Статија Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни…

October 15, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

На Зајкова и спремаат „пуч“, иницијативен одбор за промени во ЛДП на состанок ќе бара вонредно собрание

Денес во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП…

November 10, 2024
ПОЛИТИКА

Голема победа на Санае Такаичи: Јапонските акции растат по изборите

Владејачката Либерално-демократска партија и коалициониот партнер Јапонска иновативна партија освоија мнозинство места во долниот дом на јапонскиот па

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?