Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Објавено April 7, 2026 13:54
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но дека актуелната власт свесно го кочи спроведувањето на обврските што треба да ја придвижат земјата напред заради криминални тендери.

„Нашиот пат кон Европа, знаеме кој е. Во рамките на работите што треба да се направат. А, коишто оваа влада не ги прави”, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека уставните измени не претставуваат никаква закана за македонскиот јазик и идентитет, туку дека токму блокадата на евроинтеграциите е вистинскиот ризик за државата.

„Една работа е ставањето на малцинствата во Уставот, а тука не се само Бугарите, туку се и Хрватите и така натаму. Кој што чекор и по нивно кажување, никако не ги загрозува ниту јазикот, ниту идентитетот македонски. Напротив, ако не се направат, ние ризикуваме државата, дали ќе опстане во следните пет или десет години, додаде Филипче. “, рече Филипче.

Тој додаде дека власта не треба да шири стравови околу уставните измени, туку да покаже храброст за расчистување со минатото и исполнување на преземените обврски.

„Но, освен тоа, таму стои во рамките на францускиот предлог, дека треба да се отворат досиејата на УДБА и конечно да се расчисти со тоа минато. И да не се плаши власта на ВМРО ДПМНЕ од тоа всушност? Зошто не се отворат овие работи? Зошто не се спроведуваат согласно договореното во рамки на францускиот предлог? Затоа што само така расчистуваме со минатото и оваа држава ќе оди напред”, рече претседателотна СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга
Следна Статија Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи за Самитот на ОБСЕ изнајмувал вип возила за 500 евра на ден, вкупно околу еден милион евра

Денеска пред вас го презентираме самиот договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи при организацијата на…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи

Европа ќе биде поврзана како никогаш досега во следните 20 години. Имено, Европската Унија планира да изгради континентална мрежа на…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот

За оваа влада да доживее вистинска реконструкција прво би требало да се реконструира премиерот – коментираат од опозицискиот СДСМ додека…

June 22, 2026
ПОЛИТИКА

Песков: Будимпешта е избрана за место на самитот Путин – Трамп бидејќи Орбан е близок со двајцата лидери

Кремљ денеска соопшти дека Будимпешта е избрана за место за средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?