Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Објавено March 17, 2026 12:48
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство на партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата.

– Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и поинакво мислење затоа што и тоа мислење беше сослушано, туку за процес за одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите наши проверки и информации, дојдовме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус. Никој не гласаше против. Јас нема да дозволам луѓе да го делат СДСМ понатаму затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт, која ништо не може да направи за да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен. Веројатно ги имате тие анкети, ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние имаме раст, единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата однатре и така да нè ситнат за да владеат онака како сакаат да владеат. Ние тоа нема да го дозволиме. Таква поделба се случи 2021 година, 2024 со националистичка и лажна кампања, во 2025 година самиот Шилегов рече дека тој не работел за СДСМ. Има и други такви луѓе што не работеле за СДСМ на изборите во 2025 година – изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата.

– Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис-шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ однатре – наведе вчера СДСМ.

Сега, како што се посочува во партиското соопштението, на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“.

Одлуката на Извршниот одбор доаѓа по серијата јавни критики што Шилегов ги упати кон актуелното раководство, како и неговите последни изјави дека СДСМ кадровски се испразнил и најавите дека поголема група социјалдемократи наскоро ќе побараат оставка од актуелното раководство.

– Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата да не го прават тоа повеќе. Да дојдат други луѓе – изјави тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонец возел во Грција со 223 км/ч, каде било дозволено 110
Следна Статија Регистрирале луксузно возило со фалц документи- буџетот оштетен за 30 илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

600 евра минимална плата: Филипче бара кратење луксуз за поголеми плати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека партијата поднела предлог-закон за минимална плата од 600 евра нето и дека државата…

February 5, 2026
ПОЛИТИКА

Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден

Владата го прекори лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека не се разбирал во економијата откако тој денеска на прес-конференција изјави…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?