Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонец возел во Грција со 223 км/ч, каде било дозволено 110
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонец возел во Грција со 223 км/ч, каде било дозволено 110
БАЛКАН

Македонец возел во Грција со 223 км/ч, каде било дозволено 110

Објавено March 17, 2026 11:34
Сподели
Сподели

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внукот ќе ти оди во затвор ако не платиш- вака лажел скопјанец кој доби притвор поради измама со лажна сообраќајка
Следна Статија Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Српска амбасада во Скопје: „Олуја“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна

На 4 август се навршуваат точно 30 години од хрватската воена операција „Олуја“, која српската заедница ја смета за најголемото…

August 4, 2025
БАЛКАН

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) објави критичка анализа за рекордниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, во која…

July 7, 2025
БАЛКАН

Македонка била касната од отровна риба „Драгон“ во Грција

Македонка била касната од риба “драгон“ (или змеј) на плажа во Грција. Таа на социјалните мрежи го опиша пеколот низ…

August 13, 2025
БАЛКАН

За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од Албанија, куќен притвор

На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?