Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините
БАЛКАН

Србија дополнително ја намалува акцизата на дизелот и на бензините

Објавено March 20, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Пред една недела, Србија веќе ги намали акцизите за нафтените производи за 20 проценти, што, според Вучиќ, ја чинело државата 35 милиони евра месечно. Тој откри дека земјата лани собрала околу две милијарди евра од акцизата на нафтените деривати.

Со ова намалување на акцизата, уделот на давачките кон државата во цената на литар гориво се спушти под половина од крајната, малопродажна цена.

Горивата во Србија, кои и пред тоа беа меѓу поскапите во регионов, дополнително поскапеа од почетокот на месецов и избувнувањето на кризата на Блискиот Исток, која предизвика проблеми во снабдувањето во поголемиот дел од светот.

Со новото намалување на акцизата, литар бензин од 98 октани ќе чини 188 динари (околу 1,60 евра), додека евродизелот ќе се продава за 212 динари (околу 1,80 евра). Ова се највисоките цени од јануари 2025 година, кога Нафтена индустрија на Србија (НИС), најголемата нафтена компанија во земјата, беше ставена под санкции од Соединетите Американски Држави поради нејзиното мнозинско руско сопствеништво, потсетува Радио Слободна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој што може нека работи од дома, енергетската криза доаѓа, велат од Меѓународната агенција за енергија
Следна Статија Почина американскиот актер Чак Норис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Идентификувани сите убиени во Цетиње: Најмладите се браќата Јован и Вукан

Браќата Јован (14) и Вукан (9) Вулетиќ се најмладите жртви на масовното злосторство што вчера во Цетиње го изврши Ацо…

January 2, 2025
БАЛКАН

Грците летово ќе го редуцираат ЕЕС системот за сите, не само за српските туристи

Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за РТС изјави дека одлуката за привремено суспендирање на…

May 11, 2026
БАЛКАН

Крадци во Грција користат спреј за зашеметување во апартмантите на туристите

Kриминалци од Грција користaт спреј за зашеметување на туристите, предупредуваат српските медиумо. Ги успиваа луѓето низ вратата од нивниот апартман…

July 6, 2026
БАЛКАН

74 минутна тишина пред македонската амбасада во Белград!

Наместо вообичаените 15 минути тишина кои ги симболизираат 15-те жртви во Нови Сад, тие денеска имаа 74 минутен молк со…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?