Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија
ПОЛИТИКА

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Објавено September 4, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.

Статиската бележи поразителни бројки кои укажуваат на тоа дека младите ја напуштаат државата, велат од СДСМ.

„Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за истражување, нема квалитет кој ќе ги задржи младите тука“, рече Филипче.

Зборувајќи за причините за иселување на младите, Филипче посочи дека сите параметри одат во прилог на тоа дека власта не води сметка за граѓаните најмалку за младите.

„Работните места што се отвораат сите се со ниски плати, не се доходовни, тоа е преживување, тоа не е развој. Колку и да кажуваат дека растат платите тоа се толку минимални проценти што однапред е изедена таа сума на пари од растот на плати со инфлацијата којашто не ја контролираат“, рече Филипче.

Дополнително, како што кажа Филипче, причина за разочараноста кај младите е фактот што тие гледаат дека регионот оди напред, додека власта свесно ризикува Македонија да остане периферија на Европа.

„Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос кажа дека Црна Гора може 2028 година, Албанија 2029 година, да станат членки на ЕУ. Отиде регионот напред. И да не бара изговори оваа влада, срамота е тоа што го прават. Се се сведува само на нивни лични и теснопартиски интереси за бизниси итн. Нема развој, нема перспектива“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елиф Елмас: Саудиска Арабија е одлична увертира за тоа што ни следува
Следна Статија Падна Гугл, направи проблеми и во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара Обвинителството да отвори предмет за Славески и двајца вицегувернери во НБРМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара Обвинителството да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка,…

March 24, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена…

January 28, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ и од трагедијата во Кочани ги дели граѓаните на наши и ваши, на Македонци и Албанци?!

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност, иако, за жал за СДСМ и ДУИ има. Тие и од оваа…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?