Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје

Објавено July 26, 2025 10:45
Сподели
Сподели

На денешен ден, пред 62 години, во Скопје се случи една од најголемите трагедии. Во 5 часот и 17 минути, разорен земјотрес го погоди градот – за само 20 секунди запре животот во Скопје, напиша Венко Филипче, Претседател на СДСМ по повод одбележувањето на 62 годишнината од земјотресот во Скопје.

Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, направи огромна материјална штета, зад себе остави урнатини и болка.

Од тие рушевини, со трудот и пожртвуваноста на граѓаните и со несебичната помош од целиот свет, се роди едно ново Скопје – посилно и похрабро. Тоа Скопје стана симбол на солидарност, човечност и заедништво, град кој не само што преживеа, туку и прерасна во место со космополитски дух и силна надеж за иднината.
Денес оддаваме почит и се сеќаваме на жртвите во земјотресот, но истовремено се сеќаваме и на храброста на сите оние кои помогнаа од хаосот и руините да се роди едно ново урбано и модерно Скопје.

26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје – како потсетник дека имаме обврска, и ние и идните генерациите, да ја негуваме љубовта кон градот, никогаш да не ги заборавиме жртвите од земјотресот. Да продолжиме да го градиме Скопје и нашето општество врз вредностите што не обединија тогаш и кои треба да не обединуваат и во иднина – солидарноста, човечноста и заедништвото, напиша Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници
Следна Статија Трагедија во Црна Гора: Брат и внук убиени на плажа во Будва, уапсен 65-годишен маж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за состојбата…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?