Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филип Николовски во „Бизнис клуб“:Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филип Николовски во „Бизнис клуб“:Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот
ЕКОНОМИЈА

Филип Николовски во „Бизнис клуб“:Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот

Објавено October 30, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Филип Николовски, сопственик на култната кафеана „Уранија“ во Скопје и експерт со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство, човек кој имал можност да ги види разликите во работењето на јавниот и приватниот сектор. Тема на дискусијата во поткастот се состојбите во банкарскиот систем и реформите во пензискиот систем.

Професионалната кариера Николовски ја започнал во „Автомобиле СК“, како менаџер за маркетинг, а потоа преминал со работа во „Комерцијална банка“ како финансиски аналитичар.

Во поткастот го сподели своето искуството од раководењето со КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, реформа поддржана од две политички различни влади, токму поради нејзиниот значај за граѓаните и државата. Истакна дека во периодот на неговото раководење со Друштвото, вредноста на средствата на двата отворени пензиски фонда пораснале од 80 на 450 милиони евра.

Во својата професионална кариера Николовски ја извршувал и функцијата заменик-министер за финансии, во периодот од 2022 до 2024 година. Запрашан за тоа искуство, истакна дека секоја влада остава свој печат, но изрази жалење дека во нашата држава најчесто се паметат само негативните или незавршените работи. Потенцираше дека функцијата ја прифатил од патриотски причини и работел професионално, верувајќи дека може да придонесе за државата преку своето долгогодишно знаење и искуство од областа на финансиите.

„Да се носи државен дрес во државната управа сметам дека е патриотизам, како што е патриотизам да се плаќаат даноци и да се фрла отпадот на вистинското место. Не е патриотизам само тоа какво знаме вееш и дали ја пееш химната“, изјави Николовски.

Во продолжение на поткастот, тој зборуваше за состојбите во Министерството за финансии, нагласувајќи ја неговата институционална моќ. И покрај големиот број вработени во институцијата, според него, малкумина од нив се вистински професионалци во своето работење. Како клучни фактори за подобрување на состојбата ги наведе подобрувањето на работните услови и обезбедувањето солидна плата со цел привлекување професионалци во работењето. Според Николовски, за да се работи во Министерството за финансии, кое претставува срцето и моторот на секоја извршна власт – потребни се стручно знаење, компетентност, голем ангажман и посветеност.

Во поткастот Николовски откри и детали за личниот живот: како започнал со управувањето со кафеаната „Уранија“, за своите планови за Крушево, од каде што потекнува неговото семејство, и за Охрид – родниот крај на неговата сопруга. Сподели и за своите хобија, љубовта кон скијањето и планинарењето, како и за предизвиците од водењето на бизнисот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запалете свеќа за мир во душата, во сабота е Митровденска Задушница
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ вечерва со завршен митинг: Мицкоски очекува 60 градоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?