Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запалете свеќа за мир во душата, во сабота е Митровденска Задушница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Запалете свеќа за мир во душата, во сабота е Митровденска Задушница
МАКЕДОНИЈА

Запалете свеќа за мир во душата, во сабота е Митровденска Задушница

Објавено October 30, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.

На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината.

Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив.

Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј.

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

Во црквата на Евхаристијата се споменуваат и зборовите на Свети Јован Златоуст, еден од најголемите теолози во четвртиот век на христијанско проповедање:

Храната честопати се однесува на гробиштата, што не е црковно правило, туку е нов обичај во нашата нација.

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота. Се печи леб со бело брашно, кои се нарекуваат „просфори“. Се подготвува ракија, пиво, вино, вода, а на некои места се вари и жито.

Се носат онолку свеќи колку што се споменуваат мртви. Во сите делови на земјава, свештениците по барање на блиските на покојникот го окадува гробот. Ако случајно е спречен свештеникот да дојде, тогаш некој присутен со тамјан го окадува гробот.

Задушница секогаш се паѓа во сабота, кога се организираат и богослужби посветени на покојникот, затоа што Христос го поминал денот пред Воскресението, кое секогаш се слави во недела, во гробот.

Многу обичаи и верувања поврзани со комеморацијата се вкоренети во Maкедонија. Еден од најважните секако е обичајот наутро да се оди на гробиштата, да се носи жито и вино на гробот и да се палат свеќи за упокојување на душата на покојникот.

Народот верува дека свеќите кои се палат за сите блиски кои починале се симбол на Христовата светлина која ја осветлува душата на секој од нив.

Вообичаено е да се дава милостина и на Задушница, затоа не ги бркајте просјаците кои на тој ден ги посетуваат гробиштата да добијат малку храна.

Ако гробовите на вашите најблиски се далеку, запалете свеќа за покој на душата во црквата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ нови цени на горивата
Следна Статија Филип Николовски во „Бизнис клуб“:Министерството за финансии треба да биде олицетворение на професионализмот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кон Грција на „Богородица“ за еден ден поминале над 14 илјади патници

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Обвинителството да постапи по допрен глас за случаите со Артан Груби и Енвер Беџети

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас во врска со случајот за Артан Груби, но и…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?