Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков за судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков за судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост
МАКЕДОНИЈА

Филков за судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост

Објавено January 23, 2026 18:26
Сподели
Сподели

Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра на апелациониот судија Ѓоко Ристов, го поттикна министерот за правда Игор Филков критички да се осврне на состојбата во правосудниот систем. Тој истакна дека ваквите појави во кои се замешани судии и обвинители не смеат да се релативизираат или да се затскриваат и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор тогаш граѓани прашуваат каде е правдата, рече тој.

-Случајот со апелациониот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра скриени заѕидани во ѕид не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост, симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем. Овој случај дополнително ја нарушува довербата во целото судство и ја доведува под сомнеж функцијата судија којашто треба да е во служба и во интерес на граѓаните и правдата, вели министерот за правда, Игор Филков.

Покрај во судството, Филков утврди дека загрижувачка е состојбата и во Обвинителството, како што е недоволна ефикасност, ограничени капацитети и недостиг на решителност во справувањето со најтешките облици на криминал. Рече дека во Министерството се подготвуваат конкретни мерки за надминување на системските слабости во правосудството, а особено се задржа на недостигот на кадар.

-Наодите меѓу другото јасно укажаа на сериозен недостаток на кадар. Пополнетоста на судските места изнесува околу 67 посто, додека пополнетоста на судската служба е само 36 посто. Овие бројки не се апстрактни статистики, тие значат одложени рочишта, натрупани предмети, преоптоварени судови и сериозен ризик за повреда на фер судење, вели министерот за правда, Игор Филков.

Министерот Филков потсети дека е донесен нов Закон за Судски совет, како и дека наскоро треба да бидат изгласани и Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители, како и дека новиот Кривичен Законик и Законот за кривична постапка се во финална фаза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж пронајден починат во Ѓорче Петров
Следна Статија Расте бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладата пациентка е на само 18 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Српскиот патријарх за признавањето на МПЦ: Eпархиите нa територијата на денешна Македонија, не ѝ припаѓале на Српската православна црква

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз

Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Муцунски на Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Бостон, вчера се обрати на…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Пресека и на Буково забрана за сообраќај за тешки товарни возила

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила, попладнево е воведена покрај на Пресека и на планинскиот превој Буково. Како што…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?