Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладата пациентка е на само 18 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Расте бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладата пациентка е на само 18 години
СПОРТ

Расте бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладата пациентка е на само 18 години

Објавено January 23, 2026 18:24
Сподели
Cancer cells, illustration.
Сподели

Алармантни податоци за состојбата со ракот на грло на матка во земјава. Само минатата година биле дијагностицирани сто дваесет и две жени со ова малигно заболување.

Според податоците, во Македонија најмладата пациентка која била дијагностицирана со оваа болест имала само 18 години.

„Уште посериозен здравствен проблем станува што прилично висок процент – од 70 до 80 проценти од овие пациентки се јавуваат во локално напредната болест односно во еден значајно екстензивен процес на болеста кога е најинтензивен и третманот“, вели проф. д-р Виолета Клисаровска од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Лекарите велат дека најдобриот начин за превенција е вакцинацијата со вакцината против ХПВ-вирусот.

Последните податоци покажуваат дека бројот на вакцинирани расте во споредба со претходните години, но опфатот се уште не е доволно висок.

Покрај вакцинацијата, лекарите велат дека мора да се направат и промени во скринингот – воведување на ХПВ-тестот кој попрецизно ќе ја открива болеста.

„Мораме да преоѓаме на нови методи. Новата метода која што е во скринингот и која според СЗО треба да ја применуваме веќе сите земји од 2030-та година е ХПВ тестот како примарно средство за скенирање на ракот на грлото на матката бидејќи е поточно, посензитивно и повеќе штеди пари“, изјави проф. Д-р Горан Димитров, Претседател на Македонското здружение за цервикална патологија

„Комисијата за превенција од цервикален крацином изготви упатство во кое ние даваме предлог како гинеколози, но вклучително и патолог, онколог и епидемиолог кој е најдобриот начин за конечно ХПВ базираниот скрининг да стане примарно помагало за откривање на овој превентабилен карцином“, вели проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев – Претседателка на Комисија за превенција од цервикален карцином.

„Апсолутно како цитопатолог ја поддржувам идејата ХПВ скринингот да биде примарен скрининг со оглед на тоа што не секогаш ние на ПАП тестот можеме да ги откриеме промените“, изјави д-р Верди Станојевиќ, раководител на Цитолошката лабораторија во ГАК.

Ракот на грлото на матка е еден од карциномите кој може да се превенира. Во Македонија е се уште меѓу најчестите малигни болести.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков за судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост
Следна Статија Со гаранција од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Модриќ пред трансфер во Милан

Лука Модриќ (39) е блиску до трансфер во Милан. Фудбалскиот инсајдер Џанлука Ди Марцио објави дека хрватскиот играч од средниот…

June 4, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Наместо минута молк за жртвите од Кочани, навивачите на Шкендија пееја песна за УЧК

На натпреварот меѓу Шкендија и Брера во рамките од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се случи скандалозен…

March 31, 2025
СПОРТ

Еве каков хаос оставија косовските фудбалери во соблекувалната

Косово синоќа играше меч од Лигата на нации против Романија во Букурешт. За пласман погоре им требаше победа од 3-0.…

November 16, 2024
СПОРТ

Мбапе го израмни голгетерскиот учинок на Роналдо во дебитантска сезона во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе го израмни постигнувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо по број на голови во дебитантска…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?