Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФИФА е загрижена за здравјето на фудбалерите поради преголемиот број натпревари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФИФА е загрижена за здравјето на фудбалерите поради преголемиот број натпревари
СПОРТ

ФИФА е загрижена за здравјето на фудбалерите поради преголемиот број натпревари

Објавено April 18, 2025 19:25
Сподели
Сподели

Здравјето и благосостојбата на играчите остануваат клучно прашање за ФИФА, истакна првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, во контекст на критиките поврзани со новиот, проширен, формат на Светското клупско првенство во веќе преполнетиот календар.

Синдикатот на играчи (ФИФПРО), шпанската Ла Лига и група европски лиги поднесоа заедничка жалба до антимонополските регулатори на Европската унија претходно во октомври, обвинувајќи ја ФИФА за „злоупотреба на календарот“.
Критичарите тврдат дека новиот формат на Светското клупско првенство во организација на ФИФА со 32 екипи и другите проширени турнири ќе го зголемуваат бројот на натпревари секоја сезона и ќе им остават на играчите малку слободно време помеѓу натпреварите.

Инфантино во интервју за Си-Ен-Ен рече дека влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчите ќе биде ограничено.

„Тоа е натпреварување што се одржува на секои четири години. Победникот игра седум натпревари – што е како уште еден и пол натпревари годишно – така што нема големо влијание“, наведе Инфантино.
„Тоа што се случува во светскиот фудбал е дека имаме многу натпревари за многу малку тимови, многу малку играчи. Зборуван за оние кои стигнуваат можеби до последната фаза од сите натпреварувања, што е повторно многу ретко. Значи, сè на сè, тоа е сосема избалансирано. Но, ние обрнуваме многу внимание на календарот и здравјето на играчите. Мислам, сакаме да сториме сè за играчите да имаат за да играат на најдобар начин. И тоа е нешто што многумина играчи ми го пренесуваат. Тоа што сакаат е да играат, а не да тренираат, нели?“, заклучи првиот човек на ФИФА.

Инфантино исто така рече дека работната група на ФИФА, предводена од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, го анализира влијанието на Светското клупско првенство врз благосостојбата на играчи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина губи територии, нема да влезе во НАТО никогаш
Следна Статија Пронајдени трите девојчињата кои беа пријавени за исчезнати во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дали и вечерва на „Сан Сиро“ ќе се случи чудо како во 1988 година?

Денеска на Сан Сиро во меч од Лигата на шампионите играат Милан и Црвена звезда. Овој меч за постарите љубители…

December 11, 2024
СПОРТ

(Видео) Елмас стартер во победата на Наполи

Наполи, вложи многу труд за да забележи победа во првиот меч од 10-то коло во Серија А. Во Лече актуелниот…

October 29, 2025
СПОРТ

Chief-s во водство против Broncos во првото полувреме

Broncos не успеаа да постигнат touchdown во црвената зона, задоволувајќи се со два кратки полја

December 27, 2025
СПОРТ

(Видео) Кошаркарите на Партизан учествуваа во жестока тепачка во Белград

Во голема тепачка во Белград наводно учествувале четворица кошаркари на Партизан. Во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?