Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Рафиња со хет-трик го сруши Баерн
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Рафиња со хет-трик го сруши Баерн
СПОРТ

(Видео) Рафиња со хет-трик го сруши Баерн

Објавено October 24, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Барселона во дербито на колото го декласира Баерн, а Лил на „Метрополитано“ го шокира Атлетико. Победи забележаа Манчестер сити, Динамо Загреб, Феенорд, Ливерпул и Интер

Барселона со камата ги наплати сите порази од Баерн во изминатите неколку сезони. Под водство на екс тренерот на Баварците, Ханси Флик и со хет-трикот на капитенот Рафиња Барселона победи со 4:1.

Каталонците го започнаа натпреварот на најдобар можен начин бидејќи Рафиња ја искористи грешката на дефанзивците на Баерн во првата минута и им донесе предност на домаќините. Баерн одговори во 10.минута кога на Кејн му беше поништен гол поради офсајд. Сепак, Англичанецот повторно ја погоди мрежата во 18. минута.

Тимот на Ханси Флик беше подобар во поголемиот дел од првото полувреме. Роберт Левандовски во 36. минута донесе ново водство за Рафиња уште еднаш да се запише меѓу стрелците пред да замине на пауза. Така Барселона имаше +2 на полувремето.

Второто полувреме започна со поголема иницијатива на тимот на Винсент Компани, но Рафиња повторно ја презеде одговорноста и го комплетира хет трикот во 56. минута. Домашните рутински го приведоа натпреварот кон крајот и ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите.

Лил во претходното коло го победи Реал, а во ова на „Метрополитано славвеше над Атлетико со 1:3.

Апсолутен трагичар на мечот е напаѓачот на 2јорганџиите“ Серлот кој во првото полувреме два пати беше сам со голманот Шевалие и не успеа да постигне гол. Фанцускиот голман се истакна и кога успеа од гол линијата да го одбрани ударот на Хименез.

Атлетико поведе во осмата минута преку Хулијан Алварез, кој искористи една грешка на Туре.

Она што го промашија домашните фудбалери во првиот дел на наплата дојде во вториот. Жегрова во 61.минута постигна брилијантен гол, во 74.минута Лил направи пресврт со гол од сомнителен пенал. Точка на мечот стави Дејвид во 89.минута, откако Атлетико преку Лино и Симеоне не исористи уште две големи шанси.

Резултати:

Атлетико . – Лил 1:3 (1:0)
/Алварез 8 – Жегрова 61, Давид 74пен, 89/

Барселона – Баерн 4:1 (3:1)
/Рафиња 1, 45, 56, Левандовски 36 – Кејн 18/

Бенфика – Феенорд 1:2 (0:2)
/Актуркоглу 66 – Уеда 12, Миламбо 33/

Манчестер сити – Спарта Прага 5:0 (1:0)
/Фоден 3, Халанд 58, 68, Стоунс 64, Нунес 88/

Салцбург – Динамо Загреб 0:2 (0:0)
/Куленовиќ 49, Петковиќ 84/

Јанг Бојс – Интер 0:1 (0:0)
/Тирам 90+3/

Лајпциг – Ливерпул 0:1 (0:1)
/Нуњез 27/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија
Следна Статија Камала го нарече Трамп фашист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Joкиќ уште е повреден, Денвер е во проблеми

Настапот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ на вечерашниот дуел на Денвер против Сан Антонио е наведен како „неизвесен“. Тоа значи…

April 12, 2026
СПОРТ

Дончиќ вози супер автомобил вреден 2 милиони евра, забрзува од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди

Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ е голем љубител на брзи автомобили, а сега се вози низ центарот на Љубљана во…

August 8, 2025
СПОРТ

Арсенал или ПСЖ, кој ќе биде новиот фудбалски владетел?

Вечерва на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта се игра финалето на фудбалската Лигата на шампионите меѓу Арсенал и ПСЖ каде што…

May 30, 2026

Хјустон Текснси го сопираат Патрик Махомс и Чифс во победа со 20-10

Хјустон Текснси освоија петта последователна победа. Се потпреа на најдобриот одбранбен тим во НФЛ за да го запрат Патрик Махомс…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?