Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фондот за здравство и ПМФ сo договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Фондот за здравство и ПМФ сo договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика
ЗДРАВЈЕ

Фондот за здравство и ПМФ сo договор за унапредување на молекуларната онколошка дијагностика

Објавено January 9, 2026 14:25
Сподели
Сподели

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Даворин Трпески, денеска во просториите на ПМФ  потпишуваат  договор за унапредување на молекуларно – дијагностичките капацитети во земјата, со директно влијание врз современото и персонализирано лекување на онколошките пациенти.

Како што информираат од ФЗО, со склучениот договор, Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе почне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи, пред сè преку примена на генски панели за таргетирано, масивно паралелно секвенционирање од новата генерација (NGS) кај различни онколошки состојби.

Оваа современа методологија овозможува прецизно и навремено детектирање на генски мутации, клучни за изборот на целна онколошка терапија, следење на текот на болеста, прогнозата и други релевантни клинички параметри. Комбинацијата од најсовремена опрема и високостручен кадар со долгогодишно искуство ќе придонесе за поефикасно одговарање на зголемените потреби од молекуларно-онколошки анализи во здравствениот систем“, велат од ФЗО.

Со овој договор се проширува националната мрежа за молекуларно-дијагностички услуги за онколошки пациенти, што претставува важен системски исчекор во насока на модерна, прецизна и достапна здравствена заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија БЈУ триумфира над Аризона Стејт со убедлив резултат 104-76
Следна Статија Ексклузивно | ЏПМорган Чејс склучи договор за презимање на Apple кредитната картичка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија, недостигаат лекови за рак на дојка

Онколошки пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Директорката на Пластична хирургија: Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата

Директорката на Клиниката за пластична хиругија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на…

March 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Вилијам Фоеџ, лидер во искоренувањето на сипаниците, почина

Висок 2 метри, Фоеџ буквално се издвојуваше во областа на јавното здравство

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Системот „Мој термин“ повторно е во функција

Утринава во функција е електронскиот систем за закажување прегледи „Мој термин“, кој вчера не работеше. Системот е во функција од…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?