Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Гаши на средба со Папата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Гаши на средба со Папата
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Гаши на средба со Папата

Објавено May 22, 2026 16:31
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието на Репунлика Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“.

– За време на аудиенцијата, претседателот Гаши упати искрени честитки по повод годишнината од изборот на Папата Лав XIV и ја истакна посветеноста на Македонија за продлабочување на традиционалните и пријателски односи со Светата Столица. На средбата беа реафирмирани историските и духовните врски меѓу двете земји, изградени врз наследството на Светите Кирил и Методиј и универзалната фигура на Мајка Тереза – информираше Собранието.

Оттаму истакнаа дека за време на средбата беше нагласено и значењето на промовирањето на мирот, толеранцијата, дијалогот и меѓусебното разбирање меѓу народите и религиите, како универзални вредности што придонесуваат за стабилноста, солидарноста и соживотот во Европа и пошироко.

– Во тој контекст, претседателот Гаши подвлече дека Република Северна Македонија останува пример за меѓуетнички, мултикултурен и меѓурелигиски соживот, со длабока почит кон верските слободи и конструктивната улога на верските заедници во општеството – информираа од Собранието.

Во рамки на програмата, претседателот на Собранието остварил и средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин, на која се разговарало за унапредување на билатералната соработка, развојот на институционалниот дијалог и можностите за проширување на соработката во областа на културата, образованието, архивистиката и зачувувањето на културното и духовното наследство.

 

По средбите во Ватикан, делегацијата ја посетил Базиликата „Свети Петар“.

– На Папата Лав XIV му беше врачен подарок „Пердув/Перо“ – скулптура од прилепски мермер изработена од скулпторот Андреј Митевски кој ја пренесува пораката дека пердувот – симбол за слобода, спиртуалност, поврзаност со возвишеното, здружените пердуви ги редефинираат законите на физиката овозможувајќи му на и моќниот орел да ги достигне незамисливите врвови. Од пердувот се раѓа перото – растот на човечкиот ум, го развива просветителството, ја шири писменоста. Од најостриот ум се раѓа најмекото и исконското – зборот, најмоќното оружје и најсилниот лек за душата. Како личен подарок на Папата му беше врачен Кавал од мајсторот Бобан Анакиев. Кавалот е еден од најпрепознатливите симболи на традицијата во Република Северна Македонија, инструмент чиј звук со векови ја раскажува приказната за животот, природата и духот на луѓето. Неговата мелодија е тивка, длабока и искрена – звук што допира до секого, без разлика на јазикот, верата или етничката припадност. Звукот на кавалот, иако тивок, секогаш е силен потсетник дека вистинските врски меѓу луѓето се создаваат преку културата, уметноста и човечноста. На државниот секретар Пјетро Паролин му беше врачен мозаик со мотив на паун – застапен во Базиликите на Стоби и Хераклеа, а денес на монетите во Македонија. Паунот е симбол на духовна вредност, воскресението, бесмртноста, вечниот живот, но и на надежта, обновивањето и светлината – информираат од Собранието.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земон се сретна со провокаторот Стојанов: Aко вака продолжат СДСМ ќе молат за гласови
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин на Бит-пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој…

June 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клиничкиот во Скопје ќе се гради веднаш по здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово

Со парите од Велика Британија, Владата на Република Македонија планира да го заврши проектот за Клиничката болница во Штип, како…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?