Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско
ХРОНИКА

(Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско

Објавено June 9, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Вчера во 18.50 часот од крај брегот на Преспанското езеро на плажата „Сливница“ во општина Ресен, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е интервенирано за отстранување неексплодирано убојно средство (НУС) од минатите војни, а по пријава на 112 во ЦУК.

Конкретно, била пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна. Се работи за граната којашто била истрелана и веќе поминала низ топовска цевка што се препознава по нејзиниот ребраст прстен, но поради непознати причини после истрелувањето не ја завршила целта, не експлодирала. Истата е ризична за поместување, а нејзината запалка е опасна, бидејќи при удар е можно да дојде до нејзино активирање, извести ДЗС.

По претходно внимателно испитување на нејзината состојба, таа е безбедно подигната, и од пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола, Ѓорги Стефанов, е отстранета и пренесена безбедно до соодветен магацин за НУС.

ДЗС апелира до граѓаните кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што надлежните институции и служби ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“
Следна Статија Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Митески по евакуацијата на учениците во Аеродром: По извршените контроли од МВР, наставата продолжи нормално

По информацијата за евакуација на учениците од неколку училишта во Општина Аеродром, на социјалните мрежи се огласи градоначалникот Дејан Митески. „По утринските…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Затворен е автопатот Скопје-Тетово во двата правца поради голем пожар кај Желино, подметнат со гуми кои биле запалени и пуштени да се тркалаат (ВИДЕО)

Затворен е автопатот Скопје- Тетово во двата правца пшоради големиот пожар кај Желино, а МВР почна истрага.   МВР почна истрага…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, закажана за утре,…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор, за 14 лица одбиени се жалбите

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?