Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари
СПОРТ

ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Објавено April 26, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“.

Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.

Со износот од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап продаден во историјата, зад дресовите на Бејб Рут (24 милиони долари), Мајкл Џордан (10,1 милион долари) и Диего Марадона (9,3 милиони долари).

„Првите натпревари се навистина уникатни моменти во кариерата на еден спортист“, рече раководителот на одделот за модерни колекционерски предмети на „Сотби“, Брам Вахтер. „Тие го означуваат потеклото на едно извонредно патување, а за легендарни спортисти како Коби Брајант, овие пресвртници имаат уште поголемо значење бидејќи претставуваат уникатен момент во времето што никогаш повеќе не може да се повтори.“, наведе Вахтер.

Петкратниот шампион во НБА лигата, Брајант, загина на 41-годишна возраст во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година, во која живото го загубија а и неговата ќерка Џана, како и уште седум други лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен возачот што удри пешак кај Католичка црква
Следна Статија Се самоуби жената што ги обвини принцот Ендрју и Епштајн за сексуална злоупотреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на Македонија: Ќе барам од играчите на секој меч да оставаат срце на терен“

На прес-конференција одржана денеска од страна на ФФМ, во присуство на претседателот Масар Омерагиќ и директорот на националните селекции Горан…

December 23, 2025
СПОРТ

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз…

December 3, 2024
СПОРТ

Иџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната…

September 22, 2025
СПОРТ

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете…

November 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?