Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон
МАКЕДОНИЈА

(Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

Објавено October 5, 2025 15:17
Сподели
Сподели

Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон. Првпат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за блискост со граѓаните и тимски дух, под мотото „Собрание за граѓаните – трчаме заедно“, информираат од прес службата на Собранието на Македонија.

64 пратеници и службеници од Собранието трчаа во неколку дисциплини, и тоа: полумаратон, штафета и трка на 5 километри, за промоција на здрави навики, солидарност и институционална отвореност кон граѓаните.

Учеството на Маратонот е дел од Планот за подобрување и ЦАФ мерки кои успешно се имплементираат во Собранието од септември 2025 година, согласно Програмата за собраниска поддршка (ПСП).

На штафетата, Собранието беше претставено од 2 екипи, додека на полумаратонот трчаа 6 претставници. Во трката на 5 километри учествуваа 50 претставници на Собранието.

„Пратениците и службениците со гордост ја пренесоа пораката дека Собранието е институција блиска до граѓаните, која трча заедно со нив – во спортот и во развојот на општеството. Во суштина, ова учество не е само спортски настан — тоа е симболична порака за транспарентност, соработка и човечки пристап во работата на Собранието“, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен
Следна Статија (Видео) Трамп одобри распоредување на 300 војници од Националната гарда во Чикаго

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух

Утрово во главниот град воздухот е опасен за дишење. е се најде како 7-ми град во светот во непопуларната ранг…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Крстовден – ден за строг пост и поклон пред светиот крст на верата

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина

Кога зборувам за македонската европска сага сакам да ја пренесам фрустрацијата што ја чувствуваат сите граѓани и сето она кое…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?