Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден
БАЛКАН

(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Објавено June 8, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц.

Едно е сигурно – сезоната сè уште не е ни започната, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и последната објава на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.

„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажата, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата и додаде: „Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.

Цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра!

Možda je cjenik stavljen 100m dalje od beach bara, ali je bar u ladovini (Žnjan, Split)
byu/MantisTobogan_dr incroatia

Во коментарите, корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:

„О, ужас! Сè уште му се потсмевам, а дури е поскап од Ибица“.

Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури
Следна Статија Столчето ѝ се преврте на водителка на вести, сите зборуваат за нејзината реакција (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Серија на земјотреси ја погодија Грција утрово – 24 часа после силниот во близината на Солун

Серија на земјтореси ноќеска и утрово ја погодија Грција, после вчерашниот силен во околината на Солун со 5,5 степени според…

November 4, 2024
БАЛКАН

По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада…

September 8, 2025
БАЛКАН

Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од…

July 3, 2025
БАЛКАН

Вучиќ по насилниот упад во Нови Сад: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава, ќе биде процесуиран

Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?