Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски
ХРОНИКА

(Фото) Почина поранешниот директор на Здравствен дом – Скопје, д-р Виктор Исјановски

Објавено August 30, 2025 15:32
Сподели
Сподели

Тажна вест ја потресе македонската здравствена јавност попладнево. Почина д-р Виктор Исјановски, психијатар и поранешен директор на Здравствен дом – Скопје.

Неофицијално, Исјановски починал во Грција, каде што престојувал на летување. Вчера на социјалната мрежа Инстаграм Владимир Ристов – Камењар сподели фотографија од Таверна Фарос каде што е во друштво со д-р Исјановски и со кошаркарската легенда Перо Антиќ.

Фото: Инстаграм

Д-р Исјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во државата од јуни 2019 до 2024 година. Јавноста најмногу го памети по неговиот ангажман за време на пандемијата на коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите ресурси беше ставен во служба на граѓаните, особено во процесот на масовната вакцинација.

По професија специјалист психијатар, зад себе остави богата професионална кариера. Роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги заврши основното и средното образование, а Медицинскиот факултет во Скопје го завршил во 2003 година.

Приватно, д-р Виктор Исјановски беше сопруг и татко на две деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми – па прифатија сѐ
Следна Статија Расте агресивноста кај младите: Истепале доставувач на храна, па му го одзеле ранецот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството ќе истражува дали има пропусти кај социјалните работници за случајот во Карпош

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од…

October 12, 2024
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен откако ноќеска бил учесник во сообраќајна несреќа во која има повредени двајца малолетници.…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари – измама во Пробиштип

На 21.02.2025 во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56 – годишна жена од Пробиштип пријавил дека бил измамена од едно…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?