Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Почнаа градежните работи на булеварот „Македонија“

Објавено February 1, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.

– Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македонија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. Верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.

Се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека овој проект сигурно ќе го олесни движењето во центарот на градот.

-Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници дека сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро, односно во рамките на тоа што е кажано, нагласи Мицкоски.

Поврзани теми

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девојче повредено од залутано зрно во скопско
Следна Статија Случај на мали сипаници идентификуван на аеродромот Сиетл-Такома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции

Се сеќавате во летото 2022 година кога тогашната влада во која главниот збор го имаше ДУИ, а за СДСМ беа…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ставен под контрола пожарот во парк шумата Гази Баба

Тежок пожар попладнево изби во парк шумата Гази Баба над Природно-математичкиот факултет. -На лице место веднаш се упратиј пожарникарите од…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

Кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите од вчерашното соопштение на политичката партија Демократската унија за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе има засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако првооделенци се обиделе да силуваат соученик

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?