Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
БАЛКАН

ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија

Објавено October 6, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА.

Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.

Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.

На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.

Група од седум хрватски планинари вчера тргнала кон врвот на Тоск, но четворица се откажале поради лошите временски услови, додека тројцата загинати продолжиле со искачувањето.

Словенечката Шумска служба за спасување и полицијата ги предупредија планинарите овие денови да не одат во Јулиските Алпи, бидејќи временските услови се неповолни, снегот е тежок и мокар, а опасноста од лавини е исклучително висока.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?
Следна Статија Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

По вчерашното гласање на локалните избори во Косово, прелиминарните резултати покажуваат дека втор круг на гласање ќе се одржи во…

October 13, 2025
БАЛКАН

(ФОТО)Хотел „Југославија“ срушен до темел

Еден од најпознатите симболи на Белград, хотелот „Југославија“, денес е целосно срушен, отстапувајќи место за изградба на луксузен деловно-станбен комплекс…

January 27, 2025
БАЛКАН

Милановиќ или Приморац: Хрватска гласа на вториот круг од претседателските избори

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори…

January 12, 2025
БАЛКАН

Таен центар на УДБА во познат словенечки хотел: „Слушнав звуци, рецепционерот ме уверуваше дека нема никој“

Во хотелот „Јама“ во Словенија, при реновирањето на објектот во 2016 година, пронајдени биле тајни соби кои служеле како центар…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?