Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз
ЕКОНОМИЈА

ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз

Објавено April 2, 2025 13:31
Сподели
Сподели

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово, втори април 2025 година, во 8 часот и 35 минути, на Меѓународниот Аеродром Скопје, го пречека првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз.

Со симболични подароци со македонски традиционален – ајвар, и уникатни разгледници со знаменитостите на Скопје, беа пречекани првите 58 патници кои пристигнаа од Париз, додека капетанот на првиот лет на easyJet и заменик-генералниот директор на ТАВ Македонија, Перо Лупевски, пресекоа торта со која го означија отворањето на оваа редовна авиолинија.

-Од денеска, втори април 2025, Меѓународниот Аеродром Скопје благодарение на easyJet ќе биде поврзан со главниот аеродром на француската престолнина, којшто е база на Easyjet и е аеродром којшто е дел од нашата групација, односно е управуван од АДП (Aeroports de Paris), чија членка е ТАВ Аеродроми. Easyjet ќе лета од Париз – Орли до Скопје и назад, два пати неделно, односно секоја среда и секоја сабота, нудејќи им уште една опција на нашите патници кои сакаат да патуваат до Париз, а секако и од Париз понатаму во Европа, имајќи предвид авиокомпанијата лета до 160 аеродроми во 35 земји. Не само што оваа нова рута е значаен чекор напред во проширување и подобрување на мрежата на авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје, туку и нуди погодни и различни можности за нашите патници, поттикнува поголема туристичка и економска поврзаност, изјави Перо Лупевски, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија

-Пресреќен сум што можам да го најавам отворањето на новата меѓународна авиолинија до Скопје, Македонија, од Париз-Орли нашата база. Минатата година 3,4 милиони патници одбраа да патуваат со нас преку Орли и со оваа нова дестинација се надеваме дека ќе им овозможиме на илјадници Парижани да ги откријат убавините и уникатноста на Балканот, секогаш со одлична вредност за парите, изјави Реџиналд Отен, заменик директор на easyJet за Франција.

Со додавањето на оваа директна авиолинија Париз-Скопје-Париз, на која ќе лета easyJet со два лета неделно, или секоја среда и сабота, патниците од Македонија сега имаат полесен пристап до Париз и понатаму во Европа, додека патниците кои од Париз ќе слетуваат во Македонија ќе имаат можност да ги истражуваат богатата историја, прекрасните пејзажи и живописната култура на земјава.

ТАВ Македонија

Во среда, времето на пристигнување на скопскиот аеродром е 8:45 часот, а времето на полетување од скопскиот аеродром до аеродромот Орли во Париз е 9:25 часот, а во сабота летот од аеродромот Орли до скопскиот аеродром пристигнува во 8:55 часот и полетува до аеродромот Орли во 9:35 часот.

Сите детали за времињата на летовите како и достапноста и резервирањето на авиобилетите може да се најдат на веб-страницата на easyJet www.easyJet.com.

ТАВ Македонија, како дел од ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, продолжува да се фокусира на проширување на својата меѓународна мрежа на летови, со цел да обезбеди поголема удобност и повеќе опции за патување за патниците од Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, истовремено поттикнувајќи ги туристичките и економските можности во земјата и регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне
Следна Статија Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околу мене, порача премиерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Britanska брендот за снегулки Graze ќе биде продаден на Candy Kittens на Џејми Лајнг

Договорот доаѓа додека Unilever планира да се ослободи од некои прехранбени брендови за да се фокусира на нега и убавина.

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Колку тендери има добиено Марковски компани од РЕК Битола?

Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години,…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?

Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?, пишува Кирил Миноски, екс министер за финансии. Во продолжение ставот на…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат дизел горивата

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?