Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026
СПОРТ

Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026

Објавено October 3, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада.

Топката, наречена Трионда, повторно е дизајнирана од германскиот производител на спортска опрема Адидас, кој е официјален партнер на ФИФА од Светското првенство во 1970 година.

„Воодушевен сум и горд што ја претставувам Трионда“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на промоцијата одржана синоќа во Њујорк.

Првото Светско фудбалско првенство во историјата на кое домаќини ќе бидат три земји со учество на 48 репрезентации, беше инспирација и за името и за дизајнот на топката, која има црвена, сина и зелена боја.

Симболите на секоја земја домаќин – јаворовиот лист на Канада, мексиканскиот орел и ѕвездите на САД – исто така се прикажани на топката, со триаголник што го претставува единството на трите земји.

Во топката е вграден чип со сензор што ќе пренесува информации за движењето на топката, испраќајќи податоци до ВАР системот.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

Жрепката за составот на групите ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тие имаат посебна моќ врз луѓето: најголемите манипулатори во хороскопот
Следна Статија Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФФМ поведе постапка против Сејдини за финансиска измама

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот…

December 30, 2025
СПОРТ

Фудбалерите подготвени за победа над Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Светското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ по ремито со Белгија во петокот…

June 9, 2025
СПОРТ

ФФМ ги отфрли обвинувањата за наводни инциденти на натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантираше наводите изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу, поврзани со натпреварите Вардар…

February 22, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Страшен пад на Марк Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, е победник на денешната трка за Големата награда на Холандија во Мото ГП, зголемувајќи го…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?