Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров
МАКЕДОНИЈА

Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

Објавено October 3, 2025 10:49
Сподели
Сподели

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров со тешки повреди на главата, го прживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Александар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи.

Истрагата која беше спроведена утврди дека нападот бил добро испланиран и организиран, но и натаму организаторите ниту извршителите не се изведени пред лицето на правдата.

Атентатот беше извршен во возило „цитроен ами 8“, беа скриени 20 килограми експлозив, активиран од далечински управувач, во миговите кога возилото со Глигоров се движеше кон зградата на Собранието, и експлозијата се случи пред хотелот Бристол.

Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот „ами-8“ бил намерно избран за поставување на бомбата затоа што има тенок лим.

Тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски на првата прес конференција организирана во тогашните американски простории,во центарот во Скопје, изјави  дека во организацијата на атентатот е вклучена една мултинационална финансиско-економска групација, практично , со седиште во  една соседна земја.

Беа извршени претреси на повеќе од 30.000 возила, легитимирани беа 188.000 лица. Во истрагата биле вклучени и безбедносни служби на САД, Германија и Британија, но и натаму извршителите не се познати.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година.

Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1. јануари 2012 година.

Ова е првиот обид за атентат на престедател во време на владење на СДСМ. Таа година се случи прифаќањето ан привременото име БЈРМ, кое траеше 24 години. Вистински, го смени пак СДСМ во 20019-та година. Вториот, исто така необјаснет атентат (овојпат успешен), се случи во 2004-та година со мистериоозната авионска несреќа на претседателот Борис Трајковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП2026
Следна Статија На 97 години се кандидира за советничка на Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонскиот пасош со скок од две места на новата ранг-листа за најмоќни пасоши во светот

Според најновиот извештај кој ги рангира државите според бројот дестинации достапни без виза, Македонија има скок од две места од…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Алексоска: Мора што побрзо да се даваат психолошката помош и поддршка

Мора што побрзо, како општество да дејствуваме и да им се даде психолошката помош на сите, најмногу на семејствата кои…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) информира дека (согласно…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гори планината Серта кај Штип – се бара помош од воздух

Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?