Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката

Објавено November 3, 2024 12:35
Сподели
Сподели

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Јаневска укажа и дека министерството не може да знае кои и какви учебници недостасуваат во секое училиште, ако училиштата не дадат информација.

„На крајот на секоја учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници од претходната година. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатат и откупуваат“, одговори министерката.

За искинатите учебници, Јаневска дообјасни и дека дополнителен проблем што го соопшти една општина, е тоа што сакајќи да ги заштитат граѓаните да не плаќаат од 10 до 70 проценти од цената при враќање на оштетен учебник, училиштата не ги пријавувале.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цел свет е одушевен од овој еколошки трик: Швеѓаните најдоа начин како бесплатно да ги загреат куќите
Следна Статија Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ предложи покренување постапка за стручен надзор за лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за детски болести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?