Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница
СПОРТ

Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

Објавено June 21, 2025 11:45
Сподели
Сподели

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата поранешна девојка.

Бразилските обвинители го обвинија поранешниот француски репрезентативец за злоупотреба на 28-годишната адвокатка Лариса Ферар, со која беше во врска.

„Поднесена е пријава против Димитри Паје и испратена до Судот за семејно насилство“, објави обвинителството, без да наведе дополнителни детали за тужбата.

Бразилските медиуми објавија дека Паје се товари дека емоционално ѝ наштетил на својата поранешна девојка со „болни и понижувачки изрази, понижување, манипулација и исмејување“.

„Мал чекор, но голема победа“, напиша адвокатот на Лариса Ферар на Инстаграм откако бразилските медиуми го објавија обвинението.

Според бразилските медиуми, кои се повикуваат на полициски извештај, Паје, кој има сопруга и четири деца, признал дека имал вонбрачна врска, но негирал дека извршил насилство.

Паје од пред две години е фудбалер на бразилски Васко де Гама, откако претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, Вест Хем, Лил, Нант и Сент Етјен. За француската репрезентација одигра 38 натпревари и постигна осум голови

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Oткако и одзедоа бодови Воска се повлече од Првата лига

Фудбалскиот клуб Воска Спорт соопшти попладнево дека се повлекува од натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига на пет кола до…

April 26, 2025
СПОРТ

(Видео) Милан славеше над Реал во Мадрид, Спортинг го растури Сити

Фудбалерите на Милан го совладаа Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.…

November 6, 2024
СПОРТ

Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт

Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го…

February 21, 2025
СПОРТ

Гатузо си го оствари сонот

Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен на должноста селектор на италијанската фудбалска репрезентација, откако неговиот претходник Лучијано Спалети беше отпуштен.…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?