Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница
СПОРТ

Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

Објавено June 21, 2025 11:45
Сподели
Сподели

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата поранешна девојка.

Бразилските обвинители го обвинија поранешниот француски репрезентативец за злоупотреба на 28-годишната адвокатка Лариса Ферар, со која беше во врска.

„Поднесена е пријава против Димитри Паје и испратена до Судот за семејно насилство“, објави обвинителството, без да наведе дополнителни детали за тужбата.

Бразилските медиуми објавија дека Паје се товари дека емоционално ѝ наштетил на својата поранешна девојка со „болни и понижувачки изрази, понижување, манипулација и исмејување“.

„Мал чекор, но голема победа“, напиша адвокатот на Лариса Ферар на Инстаграм откако бразилските медиуми го објавија обвинението.

Според бразилските медиуми, кои се повикуваат на полициски извештај, Паје, кој има сопруга и четири деца, признал дека имал вонбрачна врска, но негирал дека извршил насилство.

Паје од пред две години е фудбалер на бразилски Васко де Гама, откако претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, Вест Хем, Лил, Нант и Сент Етјен. За француската репрезентација одигра 38 натпревари и постигна осум голови

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одземена лиценца на фабрика за канабис од Струшко, запленети 382 кутии со марихуана
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ги знаете Зеленортските острови, епа тие ремизираа со Шпанија

Голем шок на Светското првенство, срам за Шпанците!Во првото коло од групата „Х“ на Светското првенство, беше видена вистинска сензација…

June 15, 2026
СПОРТ

49-тите победија во возбудлив натпревар и се подготвуваат за битка за Западната NFC дивизија

На Сан Франциско ѝ требаше секунда до победата против Чикаго во неделата навечер, и сега ќе биде домаќин на Сиетл…

December 30, 2025
СПОРТ

Скандал на Светското првенство: Фудбалер местел натпревари, па завршил во затвор!

Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен…

June 17, 2026
СПОРТ

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вчера поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?