Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
СПОРТ

Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Објавено October 30, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата.

Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено го мислат тоа во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз.

Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во гласањето на новинарите за добитник на наградата е неговата борба против расизмот.

Тоа го пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач.

„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот.

„Ројтерс“ ги контактирал луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.

Одговорот е дека Винисиус „се осврнал на својата борба против расизмот“, пишува „Ројтерс“ и додава дека контактираните мислат дека тоа е причината поради која не ја добил наградата.

„Фудбалскиот свет не е подготвен да прифати играч кој се бори против системот“, цитира соговорник од кругот на луѓе кои раководат со кариерата на играчот, кој е честа мета на расистички скандирања на натпреварите во Шпанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи
Следна Статија Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на…

June 24, 2025
СПОРТ

Вардар вечерва со победа ја освојува титулата

Вeчерва во „Јане Сандански“ ракоментно „ел класико“. Вардар против Еурофарм Пелистет. Скопјани со победа ја осигуруваат титулата. На исто место…

May 7, 2026
СПОРТ

Заврши Евробаскетот за Богдан Богдановиќ

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја.…

August 31, 2025
СПОРТ

Maкедонските репрезентативци ќе добијат премија од 600.000 евра

Освоената група во Лигата на Нации значи за македонската фудбалска репрезентација богата премии од Фудбалската федерација на Македонија . Благодарение…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?