Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи
МАКЕДОНИЈА

Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

Објавено October 30, 2024 12:50
Сподели
Сподели

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени.

Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално треба да биде усвоен денеска и објавен попладнево.

Покрај усвојувањето на уставните измени во Извештајот се нагласува потребата од „спроведување со добра волја“ на билатералните договори со соседните земји, односно на Договорот од Преспа и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во документот се повикува и на интензивирање и на темпото на реформи поврзани со приближувањето кон ЕУ, пред се на зајакнување на владеењето на правото, зголемување на довербата во правосудниот систем, како и на спроведување на истрагите, гонењето и конечното завршување на долготрајните судски процеси поврзани со „лица од висок профил“.

– Македонија треба да продолжи со спроведувањето на реформите поврзани со зачленувањето во ЕУ, пред се оние од Кластерот „Основни вредности“, како судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, се вели во Предлог-извештајот.

Во делот на пристапниот процес на земјава се потсетува дека првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија, со што беше означен официјален старт на преговорите за членство, се одржа во јули 2022 година, а скрининг процесот по сите шест кластери заврши во декември 2023 година.

– Комисијата со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот „Основни вредности“, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Преговарачката рамка, со цел да се отвори првиот кластер што е можно поскоро, кога ќе се исполнат релевантните услови, се наведува во Предлог-извештајот на ЕК за земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија
Следна Статија Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа СНЕГ- УХМР со најнова прогноза

Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Венера Латифи Азизи назначена за портпаролка на Владата

Венера Латифи Азизи е именувана за портпаролка на Владата на Република Македонија. Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците итно да именуваат директор на Агенцијата за слободен пристап до јавни информации, бараат граѓански организации

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?