Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

Објавено February 4, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10“ на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.

„Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни, детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа.“ изјави Андоновски.

Министерот посочи и дека министерството за дигитална трансформација работело на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, внимавајќи да не си упаднат во надлежностите едни на други.

„Ги известивме глобалните приредувачи на игри на среќа кои што не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работевме на измени на законот, гледавме да не упаднеме во надлежностите на министерството за финансии, УЈП и државната лотарија и заедно со нив стигнавме до законско решение кое што помина на Влада, а по 7 дена е влезено собраниска процедура и очекувам да помине на комисијата за дигитална трансформација. “ надополни министерот Андоновски

Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат достапност до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени.

„Станува збор за измени на закон кој што не се од политичка природа и се надевам дека сите пратеници од било која политичка партија ќе ги поддржат, бидејќи навистина е начин како да спречиме нашите млади тинејџери да играат онлајн игри на среќа и да ги споделуваат лични информации онлајн кои што не знаеме каде одат“, заклучи Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Теофил Панчиќ
Следна Статија Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Дозволиле активирање на пиротехниката, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Карпош ќе доделува финансиска помош за поправки на покривите во зградите и куќите

Општина Карпош објави јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и за…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина и тоа зголемени. Ова го изјави…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Со божја помош пожарот во Дојран е изгаснат, напиша градоначалникот на Дојран

Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера качен на камион се увери дека пожарот е изгаснат, а во чие гаснење помогна…

July 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?