Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фридрих Мерц: Ќе ја имаме најсилната армија на континентот, но нема да се вклучуваме во војна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фридрих Мерц: Ќе ја имаме најсилната армија на континентот, но нема да се вклучуваме во војна
СВЕТ

Фридрих Мерц: Ќе ја имаме најсилната армија на континентот, но нема да се вклучуваме во војна

Објавено May 14, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), во своето прво обраќање пред парламентот во име на новата влада, најави големи промени: економско закрепнување, посилна Германија на европската сцена и значително зајакнување на армијата.

„Бундесверот мора да стане најсилната конвенционална армија на континентот“, изјави Мерц пред пратениците во Бундестагот. Тој нагласи дека јакнењето на германските вооружени сили е врвен приоритет на новата влада. „Мораме да можеме да се одбраниме – за да не мора да водиме војна“, додаде тој.

За таа цел, владата веќе одлучила да формира посебен фонд од околу 500 милијарди евра наменет за одбраната.

Поддршка за Украина и загриженост за Газа

Во делот за надворешната политика, Мерц вети цврста поддршка за Украина, нагласувајќи дека Германија ќе стои „рамо до рамо“ со украинскиот народ. Но, истовремено нагласи дека нема да дозволи Германија да биде вовлечена директно во конфликтот.

Тој, исто така, потврди дека Германија ќе продолжи со поддршката за Израел, но изрази загриженост за хуманитарната состојба во Појасот Газа, каде што, како што рече, владее „акутен глад“.

Ветувања за подобра економија уште ова лето

На економски план, канцеларот најави конкретни и брзи мерки за подобрување на состојбата. Тој им порача на граѓаните дека позитивните промени ќе ги почувствуваат „уште ова лето“.

„Германската економија е сѐ уште конкурентна. Она што ни недостига е јасна рамка, а новата влада наскоро ќе се погрижи за тоа“, рече Мерц.

Сериозни предизвици пред владата

Мерц не ги премолчи тешкотиите со кои се соочува неговата влада, истакнувајќи дека Германија се наоѓа пред „огромни предизвици“ – и внатре во државата, и на меѓународен план. Но, заврши со порака на надеж: „Сигурен сум дека можеме да се справиме со сите овие предизвици.“

Опозицијата жестоко го критикува Мерц

По неговото обраќање, следуваше жестока дебата. Алис Вајдел, потпретседателка на опозициската партија Алтернатива за Германија (AfD), го нарече Мерц „канцелар на левицата“ и го обвини дека ги прекршил своите изборни ветувања.

„Мерц се предаде пред левичарските партии и Зелените“, рече Вајдел, алудирајќи на неговата соработка со нив во парламентот.

Таа посебно ја критикуваше миграциската политика на новата влада, нарекувајќи ја „недостатна“. Според Вајдел, нелегалната имиграција мора целосно да се запре, а владата треба да ги исполни ветувањата дадени за време на изборната кампања – да ја заостри миграциската политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кањон во БиХ пронајдено тело на судијка
Следна Статија Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лунската Нова Година 2026: Година на Огнениот Коњ

Годината на Огнениот Коњ е тука - и милиони луѓе прославуваат со молитви, семејство и храна.

February 18, 2026
СВЕТ

(Видео) Зеленски потпиша контроверзен закон: избија најголемите протести од почетокот на војната

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централна важност за спроведување на реформите, потег…

July 23, 2025
СВЕТ

Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети дека ќе работи со владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот последен разговор…

November 17, 2024
СВЕТ

Трамп и Стармер разговараат по вонредни денови

Лидерите разговараат телефонски по брз меѓународен ангажман на администрацијата на Трамп, пишува политичкиот уредник на ВВС.

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?