Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат
ЕКОНОМИЈА

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создаваат

Објавено October 18, 2025 18:43
Сподели
Сподели

Третата меѓународна конференција за фриленсерство „Freelance is for Freedom”, во организација на Импакт Фондација, обедини повеќе од 200 фриленсери на најголемото годишно собирање во земјата. Конференцијата „Freelance is for Freedom”, организирана во CoWork 21, ја потенцираше важноста на фриленсерството како нов, иновативен начин на професионално изразување, кој отвора можности за индивидуален развој и регионална соработка.

Домашни и меѓународни експерти од Централна и Источна Европа споделија свои искуства и визии за иднината на фриленсерството како двигател на просперитетната економија. На низа работилници и дебати беа разгледани теми како иднината на дигиталната работа – може ли Македонија да се натпреварува на светската мапа, законските можности и обврски на фриленсерите во Македонија, обезбедување иднина за фриленсерите во третата животна доба, дури и – „Зарем маркетерите не се најгласните фриленсери на секоја платформа?” – содржина што пробива и заедници што траат.
Елена Иванова, Директор на Фондација Импакт, која ја организира третата меѓународна конференција за фриленсерство потенцира дека фриленсерството е еден од новите облици на самовработување каде предничат особено дигиталните работници, но не ги исклучува ниту сите останати кои работат преку дигитални платформи.

„Нашата цел е да создадеме тело кое ќе ги застапува овие работници и ќе придонесува кон развој на екосистем кој е креиран и за нив”.

Државниот секретар при Министерство за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, во своето обраќање рече дека фриленсерите се луѓе што не чекаат можности — туку ги создаваат. Луѓе кои докажуваат дека талентот нема адреса.
„Можеш да живееш во Битола, Кратово, Струга, Боговиње, а да работиш за Лондон, Берлин, Њујорк или Токио. Тоа е фриленсерството. Тоа е моќта на слободниот труд!“, нагласи Сабриу.

Тој се осврна на постоечките законски можности, недостатоците на системот и заложбите на министерството кое во изминатиот период заедно со релевантните институции, граѓанскиот сектор и поддршка од Европската Комисија, подготви предлог законски одредби и модели на плаќање на придонеси, а со цел влез на нестандардно самовработените лица – фриленсерите во системот на социјално осигурување.

Снежана Станковиќ, Претседател на Управен Одбор во Сава Пензиско, jа нагласува потребата од долгорочна финансиска сигурност за слободните професионалци.

“Во услови на нерегулиран работен статус и отсуство на пензиски придонеси, доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус нуди флексибилна и достапна можност за самостојно штедење. Нашата цел е да ги охрабриме фриленсерите да размислуваат за својата иднина и да преземат активна улога во градењето на сопствената пензиска стабилност.”

Дискусиите ги отворија најрелевантните прашања со кои се соочуваат фриленсерите денес, создавајќи основа за конкретни идејни решенија што произлегоа од пораките на говорниците.

Со оваа конференција, Македонија се позиционира како регионален центар за фриленс и дигитално претприемништво, отворајќи простор за стратегиски партнерства и регионални иницијативи. Значењето и влијанието на визијата на Фондацијата Импакт – создавање одржлив и инклузивен екосистем кој овозможува македонските фриленсери да ја градат својата кариера според сопствени правила – но, во рамки на европските стандарди и со глобална препознатливост – се потврдува преку поддршката и довербата на водечките компании и партнери.

Конференцијата се реализираше со поддршка на Central European Initiative (CEI), Сава Пензиско, А1 Телеком Македонија, Дајнерс Македонија и 5 тренинг центри: Semos Education, SMХ Academy, Neхt Gen Academy, Avenga Academy, М6, коворк просториите на Startup Club Skopje, CoWork 21 и платформата SkillSpotterZ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена во Карпош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
Следна Статија Од почетокот на годината, во Црна Гора се идентификувани 30 жртви на трговија со луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Владата е на иста линија со Народна банка за ниски стапки на инфлација

Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во…

July 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?