Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани
СПОРТ

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Објавено March 17, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров, животот го загубиja и голманот Дамјан Танески (18) и кошаркарот Петар Ивановски (20).

Танески беше дел од младинската фудбалска репрезентација, а кариерата ја започна во штипски Мал Ајакс. Играше за младинските екипи на Вардар од Скопје, а подоцна беше член на Брегалница и на Кит Го од Пехчево. Тажната вест за неговата смрт ги потресе сите негови колеги и спортски пријатели, кои го опишаа како талентиран и посветен спортист.

Од друга страна, смртта на Ивановски ја потврди и неговиот матичен клуб Дино Баскет, кој во емотивна порака ја изрази својата тага поради загубата на нивниот талентиран играч.

– Со голема тага ја примивме веста дека меѓу жртвите во синоќешната трагедија е и нашиот соиграч Петар Ивановски. Петар беше многу почитуван меѓу пријателите и соиграчите, а како МВП на турнирот до 14 години остави длабока трага во кошаркарскиот свет. Беше прекрасна личност, борец со големо срце – напишаа од Дино Баскет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Порака „За Кочани- Србија е со Македонија“ синоќа во Белград (ВИДЕО)
Следна Статија Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во Првата фудбалска лига

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло…

November 30, 2024
СПОРТ

Комесарот на Биг 12 ја критикува Notre Dame во врска со играта и конференциските тензии

Спортски конфликт меѓу високи раководители во американскиот универзитетски спорт

December 11, 2025
СПОРТ

(Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута славеше над Интер, Брест е сензацијата во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид ја прекинаа серијата од два порази со триумфот во Бергамо против Аталанта 3.2 (1:1). Покрај Реал,…

December 11, 2024
СПОРТ

Смртта на Баумгартнер можеби не била природна

Истрагата за трагичната несреќа во која загина Феликс Баумгартнер (56), легендарниот австриски екстремен спортист, сè уште е во тек, а…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?