Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ покрена дисциплинска постапка за ФК Вардар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ покрена дисциплинска постапка за ФК Вардар
СПОРТ

ФФМ покрена дисциплинска постапка за ФК Вардар

Објавено May 20, 2026 12:39
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека е поведена дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите.

Како што е познато, вардарци шампионскиот трофеј го прославија во еден локал со недолични песни.

ФФМ исто така изрече и неколку глоби.

ФК Пелистер се казнува со глоба од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

ФК Вардар се казнува со глоба од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

ФК Шкендија се казнува со глоба од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.

ФК Вардар се казнува со глоба од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.

Шкендија Арачиново се казнува со глоба од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

Осогово Кочани се казнува со глоба од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.

ФК Детонит Плачковица се казнува со глоба од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.

ФК Каменица Саса се казнува со глоба од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.

Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со глоба од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со глоба од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

ФК Брегалница 2008 се казнува со глоба од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

ГФК Тиквеш 1930 се казнува со глоба од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

ГФК Тиквеш 1930 се казнува со глоба од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кастеланета: Западниот Балкан предолго чека, процесот за ЕУ мора да се симплифицира
Следна Статија Еболата може да се шири побрзо отколку што се сметаше првично, предупредува лекар од СЗО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо прогласен за најдобар играч во првенството на Саудиска Арабија

Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска…

July 17, 2025
СПОРТ

Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи

Синоќа, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач…

August 20, 2025
СПОРТ

Во Софија отворен музеј на легендата Стоичков

Во Софија неодамна се отвори Музеј на најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња Христо Стоичков. Музеј содржи форографии, дресови, пехари…

February 11, 2025
СПОРТ

Македонските одбојкари на ЕП во група со европскиот првак и светскиот вицепрвак

Одбојкарската репрезетација на Македонија на претстојното Европско првенство,ќе играат во групата Б, заедно со селекциите на Бугарија, Полска, Украина, Португалија…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?