Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс
СПОРТ

ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс

Објавено August 16, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Натпреварот од 2. коло на Прва македонска фудбалска лига меѓу екипите на Шкупи и Силекс, закажан за утре во 17 часот, нема да биде одигран, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.

Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.

– ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение. Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната. Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот.

Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во „Куќа на фудбалот“ за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата. ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост. Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите, стои во соопштението на ФФМ.

Евентуален службен пораз за Шкупи на два натпревара ќе значи и усклучување од ПМФЛ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
Следна Статија Турски државјанин пoчинал во хотел на Бит Пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

МЗТ го освои 13-тиот трофеј во Купот на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27) во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и на тој…

February 16, 2025
СПОРТ

Алекс Овечкин го урна рекордот на Вејн Грецки (ВИДЕО)

Рускиот хокеар Алекс Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ. Овечкин го постигна својот 895 гол, на вечната листа…

April 7, 2025
СПОРТ

Ова се противниците на РК Вардар во Лигата на Европа

Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Вардар денеска ги дозна ривалите од групата во Лига Европа. „Црвено-црните“ се во…

July 18, 2025
СПОРТ

Комо ќе треба да ја напушти оваа убавина

Клубот Комо сезонава е дел од Серија А.  Играат добро но се последни на табелата. Сепак тие имаат многу симпатии…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?