Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
СПОРТ

ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика

Објавено April 5, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ одигран минатиот викенд.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица. Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.Расистичко, националистичко или каков било облик на навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи“, соопшти ФФМ.

Шоповски на натпреварот во Тетово не дејствуваше во врска со однесувањето на навивачите и не постапи според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти
Следна Статија Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа прослави јубилеј – 200 натпревари за Наполи. „Дијамантот“ од италијанскиот клуб доби подарок врамен…

November 23, 2025
СПОРТ

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири. „Имаме позитивни сеќавања од 2009 и…

January 7, 2025
СПОРТ

Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов. Поранешниот играч…

October 29, 2025
СПОРТ

Почна УС Опен: Ѓоковиќ славеше на стартот, Медведев дивееше откако загуби добиен меч (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД. Србинот одигра меч со многу осцилации, но во…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?