Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика
СПОРТ

ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика

Објавено April 5, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ одигран минатиот викенд.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица. Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.Расистичко, националистичко или каков било облик на навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи“, соопшти ФФМ.

Шоповски на натпреварот во Тетово не дејствуваше во врска со однесувањето на навивачите и не постапи според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат празнење на трибината во вакви случаи.

ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти
Следна Статија Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) го осуди расистичкото однесување кое се случи на натпреварот во петокот помеѓу Романија и Косово…

November 16, 2024
СПОРТ

(ФОТО) Омерагиќ се сретна со Чеферин на регионалниот собир во Сараево

Масар Омерагиќ како прв човек на македонската Фудбалска Федерација има свои обврски и надвор од нашите граници, па така претседателот…

March 4, 2025
СПОРТ

„КОЈ Е ОВОЈ ВИСОКИОТ? СПИЕШЕ КАЈ НАС ВО ХОТЕЛ“ Газдарица во Италија го смести Јокиќ, па му испрати фотка на маж ѝ

Трикратниот МВП на НБА лигата и суперѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, неодамна поминал една ноќ во италијанскиот град Ферара,…

June 28, 2025
СПОРТ

Винисиус е на излегување од „Бернабе“, барал 30 милиони по сезона

Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, не е толку блиску до обновување на договорот со „кралевите“ како што неодамна…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?