Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хакими се соочува со 15 години затвор?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Хакими се соочува со 15 години затвор?
СПОРТ

Хакими се соочува со 15 години затвор?

Објавено August 2, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со сериозни обвиненија за силување, што би можело да го доведе до огромна затворска казна, до 15 години.

Имено, пристигна официјалното барање од канцеларијата на француското обвинителство да го суди пред кривичен суд, поради обвинувања за силување кои наводно датираат од 2023 година.

Истрагата трае повеќе од две години, а конечната одлука за почеток на судскиот процес ќе ја донесе истражниот судија.

Станува збор за настан што се случил на 25 февруари 2023 година, во куќата на марокански фудбалер во предградието на Париз.

Рејчел-Флоре Пардо, тогаш 24-годишна, го обвинила за силување откако ја поканил во својот дом. Таа на истрагата ѝ раскажала дека почнала да комуницира со Хакими преку Инстаграм во јануари, пред да се сретнат во неговиот дом.

Таму, како што тврди, тој почнал да ја допира и бакнува против нејзина волја, а потоа имале сексуален однос. Потоа таа успеала да се оттурне и да избега, по што ѝ испратила порака на својата пријателка барајќи помош. Таа го поднесе извештајот само еден ден подоцна, а истрагата официјално беше отворена на 3 март 2023 година, кога Хакими ја негираше вината.

„Ашраф Хакими и јас остануваме смирени како што бевме на почетокот на постапката. Доколку овие барања бидат прифатени, ќе ги искористиме сите правни чекори што ни се достапни“, рече адвокатката на Хакими, Фани Колин.

Хакими, продолжи да игра за ПСЖ, со кого ја освои Лигата на шампионите оваа година, и за мароканската репрезентација.

Според весникот „Ле Паризиен“, барањето на обвинителот сугерира дека тие веруваат дека има доволно докази за судење, но тоа не значи дека фудбалерот е виновен.

ПСЖ не коментираше детално за случајот, но застана на страната на својот играч, наведувајќи „лични причини“ за неговото отсуство од тренинзите за време на истрагата и рече дека има доверба во правниот систем.

Се очекува истражен судија да одлучи за евентуално судење во наредните недели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице
Следна Статија Ѓорѓиевски: Денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но и Хрватот на Инстаграм…

May 23, 2025
СПОРТ

Загуба во продолжение: Илиноис загуби од Мичиген Стејт во огномет на натпревар

Џереми Фирс Џуниор се надмудри со Китон Вагнер во врвен натпревар на Big Ten лигата

February 9, 2026
СПОРТ

Гиљермо Милано не е повеќе тренер на РК Вардар

Аргентинскиот ракометен тренер Гиљермо Милано повеќе не е предводник на РК Вардар и се чека само официјална потврда од клубот…

June 12, 2025
СПОРТ

Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата

Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?