Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи
СВЕТ

Хантер Бајден тврди дека Епштајн ја запознал Меланија со Трамп, таа најави дека ќе го тужи

Објавено August 14, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Првата дама на САД, Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од 1 милијарда долари откако тој тврдеше дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ја запознал со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-би-си.

Адвокатите на првата дама, која се омажи за Трамп во 2005 година, го опишаа тврдењето на Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“.

Во писмото, испратено до адвокатот на Хантер Бајден, се бара повлекување и извинување, со закана за тужба за „штета поголема од 1 милијарда долари“. Се тврди дека првата дама претрпела „огромна финансиска и репутациска штета“ од тврдењето, кое Бајден го повтори.

Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, го изнесе ова тврдење претходно овој месец во интервју во кое остро ги критикуваше минатите врски на Трамп со Епштајн. Трамп во минатото призна дека го познавал Епштајн, но тврди дека тие се разделиле на почетокот на 2000-тите затоа што Епштајн ги презел вработените од спа-центарот на Трамп во Флорида.

Бајден му рекол на режисерот Ендру Калаган: „Епштајн ја запознал Меланија со Трамп – тие врски се многу широки и длабоки“.

Адвокатите на првата дама велат дека Бајден се потпирал на статија во „Ју-ес Дејли Бист“ која подоцна била отстранета откако правниот тим на Меланија ја оспорил нејзината содржина и наслов.

Отстранетата статија, во која делумно се цитира новинарот Мајкл Волф, алудирала на тоа дека Меланија била во врска со познаник на Епштајн и Трамп кога го запознала својот сегашен сопруг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најздравиот пијалок за почеток на денот: Ги согорува мастите и спречува надуеност и гасови, а потребни се само 2 состојки
Следна Статија Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Објавено кои седум земји не сакаат да ја поканат Украина во НАТО, пренесува „Политико“

Претседателот Володимир Зеленски има проблем со планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство…

October 24, 2024
СВЕТ

Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)

Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската…

March 21, 2025
СВЕТ

Поплавите во Тексас однесоа 109 животи, над 160 лица се водат како исчезнати

Поплавите во Тексас во текот на викендот одзедоа повеќе од 100 животи, вклучувајќи и неколку деца од кампови. Разорни поплави…

July 9, 2025
СВЕТ

Илјадници луѓе излегоа на улиците на израелските градови поради планот на Нетанјаху за окупација на Газа

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците на Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците. Израелската…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?