Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови
МАКЕДОНИЈА

Хаос на Богородица и Евзони, на граничните премини се чека со часови

Објавено June 28, 2026 13:16
Сподели
Сподели

Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници патници се соочуваат со повеќечасовни задржувања.

Уште од раните утрински часови, на граничниот премин Евзони беа формирани долги колони возила за влез во Грција. Големиот број туристи кои заминаа кон грчките летувалишта ги преоптоварија капацитетите на преминот, поради што возилата речиси целосно го исполнија меѓуграничниот простор.

Во меѓувреме, од вчера попладне најголемите задржувања се бележат на граничниот премин Богородица, каде што се создадоа километарски колони за влез во Македонија. Според сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, чекањето за пасошка контрола трае и до четири часа. Во колоните има автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли, а сообраќајот се одвива забавено.

За разлика од тоа, во спротивниот правец, односно за излез од Македонија и влез во Грција, во моментов нема поголеми задржувања, откако утринските гужви постепено се намалија.

Надлежните апелираат до возачите редовно да ја следат состојбата на граничните премини и, доколку имаат можност, да користат алтернативни премини или патувањето да го планираат надвор од најфреквентните термини. Како дополнителна препорака, се советува патување во доцните вечерни часови, кога, и покрај можните задржувања, високите дневни температури се значително пониски.

Според проценките од терен, засилениот сообраќај и долгите колони на јужната граница се очекува да продолжат и во текот на денот, поради враќањето на туристите и зголемениот број транзитни патници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жител на скопско осомничен за убиство: Пријавил жена за исчезната, па следниот ден дека ја пронашол почината
Следна Статија Најави за невреме со силен ветер, дожд и град од вторник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лукровски веќе прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош Сотир Лукровски веќе ја прогласи победата.

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

И водата во Василево не е безбедна за користење

Ниту жителите од Општина Василево, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа сè…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?