Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Roadtrip > Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје
Roadtrip

Хаос со лет на „Виз ер“: Наместо во Белград, патници завршиле во Скопје

Објавено August 30, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.

Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.

„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.

Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.

Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.

По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.

Видеото од патниците на скопскиот аеродром погледнете го ТУКА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации
Следна Статија Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски официјално е кандидат за градоначалник на Скопје: Ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски го најави проектот „SKOPJE CITY GO“ – една картичка за сите услуги во градот

„Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка,“ изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, направи увид на неколку клучни локации…

September 7, 2025
ХРОНИКА

„Се сретнале, пиеле алкохол, по расправија го претепале до смрт – убиство во паркот „Жена-борец“ во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица, на возраст од 44 и 46 години, поради основано сомнение…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?