Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти
СВЕТ

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти

Објавено May 23, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Универзитетот Харвард денеска поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради забраната за запишување на странски студенти.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Бостон, Универзитетот наведе дека со владината одлука се крши Првиот амандман и ќе има „непосредни и катастрофални последици за Харвард и повеќе од 7.000 странски студенти од дури 100 земји.

Исто така се посочува дека Владата „со пенкало би избришала една четвртина од студентите на Харвард, странски студенти кои значително придонесуваат за Универзитетот и неговата мисија“.

Министерството за внатрешна безбедност го обвини Харвард за создавање небезбедна средина на кампусот со тоа што им дозволи на „антиамерикански, протерористички агитатори“ да напаѓаат еврејски студенти во кампусот.

Исто така, го обвини Харвард за координација со Кинеската комунистичка партија, тврдејќи дека Универзитетот во 2024 година примил и обучил членови на кинеската паравоена група.

Секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, која побара Харвард да обезбеди информации за странски студенти, истакна дека Универзитетот може да го врати правото да запишува странски студенти ако обезбеди евиденција за нив во рок од 72 часа. Таа ги бара сите записи, вклучително и аудио или видеоснимки, за странски студенти кои учествуваат во протести или опасни активности на кампусот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
Следна Статија Се распаѓа родната куќа на Јелена Докиќ по смртта на таткото Дамир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ направи катастрофална грешка со мигрантите кажа Трамп на средбата со Орбан

Европската Унија направи катастрофални грешки со мигрантите, унгарскиот претседател Виктор Орбан не направи грешка и тој е почитуван од сите,…

November 8, 2025
СВЕТ

Закерберг: Владата на Бајден нѐ принуди да ги отстраниме објавите за нуспојави од Ковид вакцини

Марк Закерберг, шефот на Мета, се појави на подкастот на Џо Роган каде што рече дека неговата компанија била под…

January 11, 2025
СВЕТ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во Израел

Будење со звукот на сирените за воздушен напад, трчајќи кон засолништа, барајќи бегство на интернет. Илјадници туристи во Израел се…

June 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. Нападот беше насочен…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?