Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences) и тоа во Одделението за хемија. Наумов за МИА вели за членство во Европската академија на науки бил номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД, а неговата номинација била поддржана од научници од Франција и Финска.
Наумов е роден во Штип, во моментов е универзитетски професор на Универзитетите „Њујорк“ и „Њујорк Абу Даби“. Тој веќе е член на две други Академии на науки – надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и полноправен член на Националната академија на Обединетите Арапски Емирати. Исто така е Редклиф визитинг професор на Универзитетот „Харвард“ во САД. Наумов е македонски истакнат хемичар и научник, по потекло од Штип, којшто долги години работи во странство. По завршувањето на студиите по хемија на Институтот за хемија при ПМФ, со спонзорство од јапонската Влада, Наумов се запишува на докторски студии во Токио, Јапонија, каде докторирал во 2004 година на хемија и наука за материјалите. По докторирањето работел во јапонскиот Институт за наука за материјалите, а потоа и во универзитети во Осака и Кјото. Во 2012 година преминува на Универзитетот „Њујорк“, каде сега работи во нивните кампуси во Њујорк и Абу Даби.